Премиерот Христијан Мицкокси, со емотивен Фејсбук статус му го честиташе именденот на својот син Антониј.
-За именденот на постариот син Јован, не успеав да бидеме заедно. Бев во САД кога ја предводев државната делегација. Се поретко сме заедно, но на деновите кои ми значат правам се за неколку мига поминати заедно, па кога и тоа е на малата пауза за пратенички прашања. Среќен роденден и именден сине Антониј, напиша Мицкоски.