Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во несреќа во Нови Сад.
-Со длабока тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која одзеде човечки животи и остави многу семејства во болка. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност, пишува Мицкоски на Фејсбук.