Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.
Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.
Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.