По еден сребрен и бронзен медал и пофалница освоија младите хемичари за Македонија на 57. Меѓународна хемиска олимпијада (IChO 2025) што се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Сребро освои Марио Ванчоски, 4 година во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, бронза освои Петар Мирчевски, 4 година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а пофалница доби Теона Ана Георгиевска, 3 година во „Јахја Кемал“ во Скопје. Дел од тимот беше и Елена Живаљевиќ, 4 година во „Јахја Кемал“.

Учениците со менторите
Нашите талентирани средношколци се натпреваруваа со 354 ученици од 90 држави од целиот свет. Водичи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески и проф. д-р Слоботка Алексовска од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет од Скопје и членови на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, научно здружение што го организираше македонското учество на олимпијадата.