Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно од 16:25 часот е воведена забрана за тешки товарни возила, информира АМСМ.
УХМР најави дека до крајот на денот и во текот на ноќта времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југоисточните делови, над 15 литри на метар квадратен.
На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег.