Производителот на чоколади Тоблероне предизвика бурни реакции меѓу своите обожаватели откако го прекина производството на еден од своите производи.
Темната чоколада од 360 грама, верзијата на чоколадото Toblerone, сега се отстранува од аортиманот потврди Mondelez, пишува Sky News. Засега нема информации за промените во однос на оригиналната чоколадна лента.
Тешка одлука
Портпаролот на компанијата изјави за повеќе медиуми дека тоа е „тешка одлука“, но дека ќе продолжи да инвестира во брендот Toblerone.
Оригиналната „чоколадна лента Тоблероне“ била измислена во 1908 година, додека темната верзија била лансирана во 1969 година, пренесува Блиц.
Реакциите на потрошувачите на Интернет
Оваа одлука предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде корисниците го изразија своето разочарување. Еден корисник напиша: „Прво го прекинаа Баунти, сега Тоблероне…“ Друг додаде: „Не… тоа беше мојот омилен“.
Оваа „црна“ варијанта на „Тоблероне“ повеќе не е дел од колекцијата.