Синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив ги осуди и македонското МНР, од каде ги повикаа македонските граѓани да ги одложат патувањата во Израел, Иран и Либан, поради влошената безбедносна состојба на блискиот исток.
Македонските државјани кои во моментот се наоѓаат на територијата на овие држави, МНР ги повика да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.
Од МНР соопштуваат и дека амбасадата во Тел Авив веќе стапила во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на Македонија.