strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери
МАКЕДОНИЈА

Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери

Објавено January 28, 2025 16:26
strana.mk
Сподели
Сподели

По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсоски. Сите 12 обвинети, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Воедно, дел од одбраната денеска побара постапката да се прекине, имајќи ги предвид измените во Законот за спорт со кои, според нив, не постои правен основ за каква било злоупотреба.

Според обвинителството, освен предлог на нови докази сѐ останато треба да се одбие и постапката да продолжи.

Промената на судечкиот совет следува откако судијката Ценета Бегтовиќ беше избрана за членка на Судскиот совет. Наместо неа, процесот ќе го води судијката Фросина Стојаноска.

Обвинети за „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“ се поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсоски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Тие денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Дел од одбраната на обвинетите на денешното рочиште поднесоа прочистена листа на докази, а дел побараа да добијат препис од материјалните докази на обвинителството, за кои посочија дека не ги добиле.

-Со цел да може да подготвиме одбрана, потребно ни е да ни дадете препис од сите писмени докази наведени во листата на докази од страната на обвинителството, особено извештајот и анализа на Државниот завод за ревизија, конечниот извештај на ДЗР и двете известувања на УЈП. Без ова не сме во состојба да поставиме прашање на нашиот технички поддржувач, а со тоа реално и врз основа на закон да ја подготвиме нашата одбрана, посочија од одбраната.

Воедно, Адвокатот Петре Шилегов, бранител на Каевски, побара од судот да ја прекине постапката или обвинителство да го повлече предлогот поради измените во Законот за спорт.

-Судот да ја прекине постапката или обвинителство да го повлече предлогот, имајќи предвид дека по поднесувањето на овој обвинителен предлог и по отпочнување на постапката на 12.8.2024 година Собранието на РСМ носи измени и дополнувања на Законот за спорт при што го укинува членот 14г што претставува правен основ за да зборуваме за каква било злоупотреба, рече тој.

Во врска на барањето за препис од доказите, Обвинителка Лидија Раичевиќ се произнесе дека тие предлози се апсолвирани на првичната расправа, односно, дека доказите се доставени, на што дел од одбраната посочија дека биле вклучени во процесот непосредно пред расправата и ги немаат.

-Другите предлози од колегите претставуваат пример како е дојдено време да се ослободиме од лоши тактики на поднесување на предлози кои се апсолвирани на главните расправи, пред да се смени судечкиот совет, тогаш најголемиот дел од бранителите побараа препис од доказите и запознавање со содржината на истите и тоа е сторено, рече таа.

Во однос на предлогот на адвокатот Петре Шилегов, за прекин на постапката, таа рече дека не е ништо друго, туку, како што рече, само показател дека се трошело време и се вложиле сериозни амбиции да се покаже максимум напор постапката да престане.

-Овде се работи за цитиран член кој што претставува опис за пропуст од друг закон, друга материја, која што во развојот и еволуцијата на материјата која што го третира тој закон, може да претрпи не само нумерички, туку организациони, идеолошки, стратешки начини на постапување, финансирање, но тоа не значи дека тоа значи декриминализација на делото затоа што она што е тежиштето на ова кривично дело е дејствието на извршување, а бланкетната норма која што важела во време на извршување на кривичното дело е ориентир по кој што се препознаваат елементите на истото, образложи таа.

Раичевиќ посочи дека освен предлогот на нови докази, сѐ останато да се одбие и постапката да продолжи.

За Шилегов, ова образложение е несоодветно, а суштината за кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ и „несовесни работење“ кои им се ставаат на товар во правната теорија се дела кои што не можат да егзистираат сами од себе.

-Тие не дефинираат конкретно инкриминирано поведение, туку ги даваат основите на описот, што сѐ може да биде инкриминирано дејствие, но, притоа, инкриминарноста ја бараат во прекршување на други членови од позитивното материјално право, рече тој.

Судот одлучи да се произнесе по однос на ова на следната главна расправа. Додека, во однос на барањето за видео и тонско снимање, кое не беше овозможено денеска, судот донесе решение главната расправа да продолжи во судница 1 на 14 март 2025 година.

TAGGED:дарко каевскинаумче мојсоскиспортски ваучерисуд
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Милорад Додик во Скопје по повод чествувањето на српскиот национален празник „Свети Сава“ Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот
Следна статија Д-р Стојковски: Недостасуваат лекови за околу 40 до 60 пациенти во моментов, другите ја примаат потребната терапија на Онкологија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

СКРМ најавува тужби за доцнење на плата во сите институции и го „одмрзнува” протестот што беше закажан, за после празниците

17ти април, два дена после законскиот рок за исплата на плата, Велики четврток, три дена пред големиот христијански празник Велигден,…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Се поголем број граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените од пожарот во Кочани. На…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба

Кога влеговме во СОЗР не најдовме ни малку поразлично нешто од другите институции. Начекавме хаотична ситуација, девастирани институции и начекавме…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за состојбата…

May 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?