Фенербахче и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во Истанбул, во третото коло во Лига Европа. Натпреварот мина во знакот на Жозе Мурињо, екс тренерот на Јунајтед, а актуелен на Фенербахче доби црвен картон од судијата Клемон Турпан.
Темпераментниот Португалец по завршувањето на натпреварот, на прес конференцијата имаше интересни коментари.
„Нема да зборувам за судењето за да не добијам уште една суспензија. Судијата Клемен Турпин ми кажа дека сум исклучен бидејќи со аголот на окото ја виделе мојата реакција на клупата. Тој беше во шеснаесетникот на другиот крај од теренот, со едно око гледал што се случува на теренот, а со другото око ја водел мојата реакција. Му честитам за тоа, претпоставувам дека е еден од најдобрите во светот“, рече Португалецот.
Потоа Мурињо рече дека во иднина треба да работи во клуб кој не игра на меѓународна сцена и дека тоа би можело да биде тим од Англија.
„Ја прегледав снимката од ситуацијата, но не сакам да зборувам за тоа. Ако се жалам ќе ми дадат забрана од шест месеци, не можам ништо. Од финалето со Севиља сум блокиран, тоа е тоа. Можеби мојата иднина е подобра без европските натпреварувања, барем да не се нервиран.
Најдобра работа кога ќе го напуштам Фенербахче е да одам во клуб кој не игра во натпреварувањата на УЕФА. Ако на некој клуб од дното на табелата во Англија му треба тренер на две години, подготвен сум да дојдам“, се пошегува Мурињо.
"The best thing I can do when I leave Fenerbahçe is to go to a club that doesn't play UEFA competitions" 💥
Jose Mourinho joked he's ready to go to a club in the bottom half of the Premier League in 2 years 🤣 pic.twitter.com/8gmBjQqYFW
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 24, 2024