strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции

Објавено December 29, 2024 11:01
strana.mk
Сподели
Сподели

Мое лично мислење и впечаток од сите мои досегашни состаноци е дека не е добро да инсистираме само на едно решение со Бугарија. Ние да инсистираме да ги браниме нашите позиции и да ги елаборираме истите, бидејќи ако инсистираме само на едно решение тогаш не знаеме каде би можело истото решение да не’ води, особено имајќи предвид дека ваквиот предлог како што се сеќавам беше одбиен од бугарската страна уште при францускиот предлог.

Ова во интервју за МИА го изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на прашањето дали предлогот за уставни измени со одложено дејство би бил прифатлив од новата бугарска Влада.

„И второ, не дека земјите членки имаат спремност овој предлог така да го поддржат. Меѓутоа, тоа е прв чекор којшто јас сум сигурен дека може да не’ води кон изнаоѓање на предлог којшто ќе биде прифатлив од двете страни“, рече Муртезани.

Според него, билатерализацијата на процесот на пристапни преговори во Европската Унија не станува проблем само за земјите кандидати, туку почнува да станува сериозен проблем и за самата Унија.

„Особено сега кога при затворањето на поглавјата на Црна Гора, и Хрватска најави одредени блокади. Исто така, и за други земји кандидати во најава има одредени блокади и билатерализацијата на процесот на пристапување во Европската Унија не создава штета само за земјите кандидати, туку и за Европската Унија“, нагласи Муртезани.

Вели дека земјите-членки се свесни за овие проблеми и оти ги слушаат со внимание нашите аргументи.

„Ние на неколку наврати заедно со премиерот сме се обиделе да објасниме дека преземените обврски во однос на спроведувањето на уставните измени стојат како такви, постои политичка волја и спремност тие да се носат, меѓутоа притоа мора ние да го заштитиме процесот од понатамошна билатерализација, особено од една дополнителна причина бидејќи дизајнирањето на процесот на пристапување е при спроведување на одредени реформи и одредени европски стандарди“, истакна Муртезани.

Според него, нема никаква смисла ако процесот го водиме врз основа на одредени историски случувања од 11, 12 или 13 век.

„Затоа, ако процесот треба да не направи кредибилна земја за влез во Европската Унија процесот мора да се насочи во реформите и постигнувањето на стандардите. За ова има разбирање во Брисел, има поддршка не само во нашиот случај и пошироко да се реши. Останува на нас преку билатерални иницијативи да се надеваме дека овие обиди во соседна Бугарија ќе завршат со солидна стабилна политичка влада со која ќе седнеме да разговараме бидејќи билатералните договори создаваат обврски за двете страни, а со Договор за добрососедство и пријателство Бугарија е обврзна да не’ поддржува, а не да не’ блокира“, дециден е Муртезани.

Во однос на Реформската агенда, врзана со Планот за раст за Западен Балкан, со којшто земјава треба да добие 750 милиони евра, министерот уверува дека нема да има проблеми при нејзината имплементација.

Во 2024 година предвидени се четири чекори во вредност од 17 милиони евра. Од тие четири чекори, две се веќе исполнети, една е делумно исполнета и другата е при крај. Имајќи ја предвид оваа динамика мислам дека нема да имаме големи проблеми при имплементација особено поради фактот што јас лично како министер сум имал координативни состаноци со сите министри коишто се дел од реформската агенда и како Министерство имаме на располагање голем број на инструменти преку кои можеме да ги поддржиме министерствата“, истакнува Муртезани.

Вели дека за исплата на првата транша од 52,5 милиони евра, имавме два предуслова -Договорот за инструмент за раст и ратификација во Собранието и Договорот за задолжување, односно заем и истиот да се ратификува во Собрание.

„Поминати се во Влада, јас го потпишав договорот за инструментот за раст, се чека многу брзо Собранието истите да ги ратификува. Меѓутоа, бидејќи станува збор за нов сет на реформи не само за земјите кандидати од Западен Балкан, туку и за Европската комисија првичните рокови декември 2024 се поместени за крај на февруари и првиот период за репортирање за спроведените реформи којшто беше 15-ти јануари е поместен за 15-ти март. Ова е дополнително време кое што ни дава нас уште една можност да се дополнително консолидираме. Понатамошните исплати ќе се направат после шестмесечните евалуации, односно извештаи“, вели Муртезани.

Дополнува дека наредните исплати ќе зависат од динамиката за спроведување на реформите.

На прашањето дали бил изненаден од последните именувања на „црната листа“ на САД, вели дека не бил изненаден.

„Изгледа дека само ДУИ уште глуми дека се изненадени. Тие изгледа не ја сфатија пораката од претходното ставање на „црната листа“ на Рамиз Мерко која што беше јасно упатена порака дека коруптивното владеење или користење на власта и стратешките партнерства за лично богатење не се американски стандарди, не се европски стандарди. Меѓутоа, мислам дека ова беше една хируршка интервенција и ние како нова Влада мораме и ние да ја сфатиме пораката дека процесот на реформи и водење на држава треба да се направи согласно законите и во корист на граѓаните. Сите тие коишто досега држеа монопол на евроатланскиот процес еден по еден завршуваат на „црните американски листи“, вели Муртезани.

Во однос на обвинувањата од ДУИ дека Коалицијата Вреди не се грижи доволно за правата на Албанците, Муртезани оценува дека овие теми кои ДУИ сега се обидува да ги отвори во јавноста, не се теми за да ги заштитат Албанците, бидејќи, како што рече, дури тие владееа за 20 години, 200.000 Албанци ја напуштија земјава.

„Ова се ниски обиди да ја изманипулираат јавноста за да можат да се заштитат себеси оти гледаат, а јавноста веќе гледа, дека следува процес на одговорност“, рече Муртезани.

Во однос на стратешките планови на Министерството за европски прашања за 2025 година, Муртезани истакнува дека се работи на финализација на структурата за преговарање.

„Тоа е една комплесна операција, која ќе треба да ангажира меѓу 1000 и 1200 експерти од администрацијата и од пошироко, ги добиваме речиси сите скрининг извештаи, од 6 кластери 5 се веќе добиени и таму има одредени препораки кои оваа структура мора да ги стави во функција, да им ги додели на институциите за да можат да работат на спроведување на реформите“, вели Муртезани.

Нагласува дека интензивно се работи на зајакнување на инфраструктурата и реализација на ИПА програмите.

Таму има голем простор за зголемување на капацитетот на апсорпција, редовно имплементирање на препораките и обврските од структурата на стабилизација и асоцијација, што е основа на целиот евроинтегративен процес и што е најбитно за Планот за раст. Потоа ја финализираме одлуката за воспоставување на структурата, бидејќи како што знаете со одлука на Влада имаме само поставен национален координатор, односно јас, за спроведување на реформата, меѓутоа ќе ни треба комплетен систем за имплементација, мониторинг и евалуација, за да сме сигурни дека процесот на спроведување на реформската агенда оди како што треба и ако некаде се соочуваме со одреден проблем да имаме можност брзо да интервенираме“, вели Муртезани во интервјуто за МИА.

TAGGED:Бугаријаорхан муртезани
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
Следна статија МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Unlocking the secrets of casino success with Unknown strategies

Unlocking the secrets of casino success…

March 4, 2026

Allt om Bonus Accumulator och dess funktioner på utländska slots

Allt om Bonus Accumulator och dess…

March 4, 2026

Exploring the secrets of successful casino strategies

Exploring the secrets of successful casino…

March 4, 2026

Thepokies Net Third Deposit Promo Guide Key Points

Thepokies Net: Third Deposit Promo Guide…

March 4, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта: Најавена средба со Орбан

Утре 30.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни

Истрагата за пожарот во Кочани, мора да заврши до средината на идниот месец. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во интервју…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Стратешка грешка беше прифаќањето на т.н. Француски предлог

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?