strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат и ЕУ да донесе стратегиска одлука како понатаму ќе се постапува со нашиот пример
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат и ЕУ да донесе стратегиска одлука како понатаму ќе се постапува со нашиот пример
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат и ЕУ да донесе стратегиска одлука како понатаму ќе се постапува со нашиот пример

Објавено January 15, 2025 14:12
strana.mk
Сподели
Сподели

Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат.

Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешниот работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во земјава.

Сите сме целосно свесни за сложените геополитички предизвици со кои се соочува Европа, но и светот.

Во време на извесности европската интеграција на Западниот Балкан претставува геотстратешка неопходност, која ќе придонесе за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста на континентот.

Ние ќе продолжиме со својата улога како конструктивен партнер, и пример во регионот, посветени на градење на добрососедски односи и регионална соработка.

Ве уверувам дека нашиот фокус како Влада ќе биде уште посилно завртен кон спроведување на реформите во клучните области како владеењето на правото и правосудството, посветена и неселективна борба против коруцијата особено онаа од висок профил, унапредување на ефикасноста на институциите, реформата на јавната администрација и секако зајаканување на економските капацитети на државата, рече Муцунски.

Тој нагласи дека ваквата посветеност ќе продолжи во однос на обврските од реформскаста агенда и реализација на целите на Планот за раст како значаен инструмент за унапредување на економскиот развој, меѓусебната соработка и приближување на државата и целиот регион кон ЕУ.

Сепак, подвлече министерот Муцунски, процесот на пристапување кон ЕУ треба да остане кредибилен, заснован на заслуги и да обезбеди предвидливост.

Напредокот кој го постигнуваме, додаде, мора да биде препознатлив, а поддршката од земјите членки е клучна во одржување на довербата во европската перспектива.

-Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус.

Точно две децении во кои донесовме серија на крупни одлуки во која направивме болни компромиси во името на остварување на генерацискиот стремеж за членство во ЕУ.

Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Подготвени сме за дијалог во добра волја, и изнаоѓање на рационални решенија.

Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко.

Притоа патот напред не води преку константа билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања кои имаат малку заедничко со сржта на Европската идеја и нејзините вредности.

Напротив потребна е геополитичка одговорност и одлуки кои ќе зближуваат наместо да не делат, кои ќе градат мостови цврсто втемелени врз сето она што го споделуваме и сето она што не поврзува, рече Муцунски.

Тој очекува и конечен почеток на пристапните преговори и отворање на поглавјата оваа година.

-Се надевам и очекувам дека во 2025 година ќе направиме крупни чекори кон натамошно усогласување со европските стандаради и конечен почеток на процесот на преговори преку отворање на првите преговарачки области и поглавја.

Заедно со вас, преку редовен дијалог и партнерство, убеден сум дека можеме да ги оствариме овие амбициозни цели, рече Муцунски изразувајќи очекување за успешна соработка во претстојната година.

Евроамбасадорот Михалис Рокас кажа дека со оптимизам гледа на претстојната година поради досега вложените многу напори, година која вели почна и со сечење на ленти за два многу важни проекти од Коридорот 8 и Коридорот 10.

Тој при тоа го подвлече значењето на усвоената реформска агенда. -Кога вложуваме напори во испорачување резултати докажуваме дека се е возможно.

Се надевам дека оваа година нема да се однесува само на сечење ленти, туку и на напредок во процесот на пристапување.

Имаме одлична платформа со која можеме да работиме, реформската агенда е одличен документ, но исто така содржи и важни квадратчиња кои треба да се штиклираат во годината 2025-та.

Ги има многу и заедно мојот тим од Делегацијата на ЕУ ќе ви помага Вам, на Премиерот и на Министерство за европски прашања во унапредување на оваа важна агенда.

Тој потсети на новото водство во ЕУ, кое, вели, процесот на проширување го реенергизираше и го стави во фокусот на агендата на Унијата, а ги најави и посетите на новиот еврокомесар за проширување и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика во првиот семестар од оваа година во однос на дијалогот со земјава.

Има многу разбирање и многу заедничка волја да се придвижи процесот во Брисел. Владеењето на правото е област од клучна важност.

Правосудството, владеењето на правото и борбата против корупцијата се една област која ќе и овомзожи на Северна Македонија да направи голем исчекор напред, затоа што ќе се врати довербата.

Тоа е нешто кое е навистина неопходно, ќе работиме рамо до рамо со Вас и со министерот за правда, рече Рокас уверувајќи дека годинава ќе биде одбележана со многу достигнувања на европскиот пат на земјава.

TAGGED:ЕУМуцунски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
Следна статија (Видео) Рама на колена ja изненади италијанската премиерка Мелони со шaл и роденденска песна

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО) Теодор Јовески го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје

Теодор Јовески беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот

Директорот Никола Додов изјави дека на 40 хонорарци од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им бил раскинат договорот…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба Муцунски – Агелер: Потврдено силното и стратешко партнерство меѓу САД и Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади

Владата на Република Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево,…

December 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?