strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Објавено June 27, 2025 08:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици.  

– Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални избори нема да влијае врз тие позиции. Нема да влијае врз нашето очекување за предвидливост, нема да влијае врз нашето очекување дека кога нашиот сосед бара од нас одредени промени во делот на малцинските права, треба да очекува дека и ние ќе имаме некои очекувања дека од нивна страна ќе се почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), нашето очекување за поголема јасност во европските документи дека нема повторно да бидеме доведени во иста ситуација. Не е ова прва отстапка што се бара од нашата држава од ваков вид и да, процесот на европска интеграција на сите земји во сите фази на проширување бил тежок и комплексен, но ниту еден не бил како што е македонскиот случај и од таа гледна точка, не очекувам по локалните избори да има промена по однос на позицијата што ние како држава ја имаме по ова прашање, вели Муцунски во интервју за „360 степени“.

Актуелната власт, псоочува шефот на дипломатијата, е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Дополнително, вели тој, за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство да биде предвидлив.

– Да знаеме дека доколку одлучиме да донесеме некоја крупна одлука којашто е тешка, којашто е комплексна и создава поделби во нашето општество, таа ќе биде последна од таков вид. Посебно по развојот на состојбите во рамките на АФЕТ, станува сè поочигледно, дека не се работи за уставни измени, туку за нешто покомплексно, посебно кога е во прашање односот на Бугарија кон македонското прашање – однос којшто навлегува во теми во коишто е неприродно да се навлегува во 21. век, посебно меѓу два НАТО-сојузника. Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање, вели Муцунски.

Министерот кажа и дека во сложено време на геополитичките состојби, безбедносно-стратешко прашање за Европската Унија е да го интегрира целосно регионот на Западен Балкан во Унијата и дека ЕУ треба да покаже дека нема да дозволува поединечни земји членки да ја попречувааат таа стабилност поради идентитетски прашања.

Тој најавува засилен процес на објаснување дека е застрашувачки како една земја членка на НАТО, свесно или несвесно, навлегува во наратив на дестабилизција на регионот, кој барем на европско тло и одговара единствено на Русија.

– Одговорноста во моментот е на нас, да се наоѓа решенија и компромиси и веќе една година работиме на тоа… Од наша страна постои искрена и посветена желба за компромиси. За жал, во последната година, таква желба од страна на Бугарија не видовме, да бидеме целосно искрени во еден период немаше ни влада, но во последните месеци дури има легитимна политичка влада во Софија не може да се види желба, вели Муцунски и додава дека ЕУ треба да го зграпчи геополитичкиот момент

TAGGED:ИнтервјуМуцунскиУстав
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Финансиската полиција за девет месеци открила криминал вреден 30 милиони евра
Следна статија Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари

Реализирани се 11 проекти за 11 месеци на Клиниката за детски болести…

June 25, 2025
На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025

(Видео) Силни ветрови, грмотевици и град: невреме ја погоди Хрватска

Силно невреме погоди неколку делови од…

June 27, 2025

Казните се од 1.500 до 2.000 евра: Целосна забрана за движење во шуми во јули и август

Министерството за внатрешни работи ги известува…

June 27, 2025

Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Здружението на играчи од МЛС објави…

June 27, 2025

Booking се соочува со тужби поради високите цени за сместување

Холандските здруженија за заштита на потрошувачите…

June 27, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Светски ден на новинарите: Ниски плати, несигурност и притисоци

На 3 мај се одбележува Светскиот ден на работниците и медиумските работници, кога се фрла светло врз условите во кои…

May 3, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

„Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон

Таткото на Вања и Гоце Трајковски започнале со прибирање на снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Борис Стојменов: Моите синови ограбија 30 милиони евра од компанијата „БС“

Познатиот бизнисмен и екс-министер за финансии, Борис Стојменов сподели со јавноста дека поради неговите синови, фамилијарната компанија „БС“ е оштетена…

April 12, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Мицкоски: „Додека не ја променат оптиката што е својствена за песочните плажи, уште долго ќе бидат во опозиција!“

Овие 7 години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и 9 месеци претседател на Владата што не сум се изнаслушал и…

February 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?