За време на работната посета на Австралија, дадов две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски јазик. Зборувавме за билатералните односи со Австралија, идното продлабочување на економските и политички врски и улогата на македонската дијаспора. Во разговорите ги опфативме и приоритетите на Владата во однос на надворешната политика и евроинтеграциите, членството во НАТО и партнерството со САД, објави на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Целото интервју за сервисот SBS на македонски јазик е достапно на следниов линк: https://bit.ly/3QrMpRy