strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време
БИЗНИС

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Објавено November 11, 2024 17:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно време, што претставува мал пораст во однос на претходната година кога ваков статус имале 16,9 отсто од европските работници.

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во претходната деценија уделот на ангажираните лица со скратено работно време бележеше постојано намалување од 19,1 во 2014 и 2015 година до 16,9 проценти во 2022 година, за лани првпат да има пораст на оваа стапка.

Гледано по полови, во 2023 година уделот на ангажираните со скратено работно време кај вработените мажите изнесувал осум отсто, а кај жените 27,9 проценти. Додека кај мажите во целиот период изминатава деценија таа стапка се движела околу осум отсто, кај жените бележи намалување од 31,8 во 2014 на 27,9 проценти лани.

Меѓу вработените кои имале деца, со скратено работно време биле ангажирани 31,8 проценти од жените и само пет отсто од мажите. Кај вработените без деца, пак, стапката на жени вработени со скратено работно време била 20 проценти, а на мажи 7,3 отсто.

Податоците покажуваат дека уделот на вработени жени со деца ангажирани со скратено работно време е поголем од оној на жените без деца во сите земји на ЕУ, освен во Данска, Финска, Летонија, Грција и Романија.

Романија е и единствената земја од ЕУ каде што уделот на мажи со и без деца кои работат со скратено работно време е поголем од уделот на жени ангажирани на овој начин – 2,9 отсто мажи со деца и 3,5 отсто без деца, наспроти 2,4 проценти од жените со и 2,7 отсто од жените без деца.

TAGGED:европаработаскратено работно време
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение
Следна статија Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

Гатузо си го оствари сонот

Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен…

June 19, 2025

Петмина повредени во судир на „ауди“ со полициско возило во Аеродром

Вчера околу 18.20 часот во СВР…

June 19, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на…

October 4, 2024
БИЗНИС

Втор ден по ред биткоинот на рекордно високо ниво

Биткоинот достигна рекордно високо ниво втор ден по ред во средата, откако Доналд Трамп ја победи потпретседателката Камала Харис и…

November 7, 2024
БИЗНИС

8,5 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во април, 10,1% повеќе од минатата година

Бројот на странски туристи во Шпанија во април се зголеми за речиси 10,1 процент во споредба со истиот период од…

June 3, 2025
БИЗНИС

Плати и до 7.000 евра: Овие седум работни места во Германија никој не сака да ги работи

Не мора секогаш да бидете на менаџерска позиција за да заработите многу пари. Понекогаш, дури и на помалку популарни работни…

February 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?