Дваесет и едногодишен студент уби осум и рани седумнаесет лица на Технолошкиот институт во кинескиот град Џисинг, по што е уапсен, јави локалната полиција, пренесува Ксинхуа.
Во соопштението се наведува дека уапсениот студент летово дипломирал, но не му била доделена диплома бидејќи подоцна било утврдено дека треба да положи уште неколку испити, што било мотивот за делото.
Сите повредени се префрлени во болници, а полицијата ја продолжува истрагата.