strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
ЕКОНОМИЈА

На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените

Објавено February 11, 2025 08:29
strana.mk
Сподели
Сподели

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за економија и труд денеска на седница на Владата треба да поднесат извештај во врска со бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи од што ќе зависи дали ќе се преземат понатамошни мерки за контрола на цените.

Бојкотот на потрошувачите го поддржа и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека не може исти производи од исти производители во сите земји во околината да бидат поевтини отколку во земјава, но кажа дека очекува производителите, дистрибутерите и трговците преку дијалог да го надминат проблемот. 

– ДПИ заедно со Министерството за економија и труд ќе излезат во јавноста со одредени параметри. Ако тоа не се почитува од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и синџири на маркети тогаш како Влада ќе треба да преземеме поинаков тип на дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно. Оваа акција ќе биде проширена бидејќи не само супермаркетите или хипермаркетите, предмет на анализа ќе бидат и други економски оператори како аптеки, продавници за бела техника. Не може некои производи во соседните земји да бидат два – три пати поевтини отколку кај нас, а се работи за ист производ од ист производител и со иста царинска стапка, изјави викендов Мицкоски.

Тој кажа дека ги разбира граѓаните и нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите, но смета дека решението треба да се бара со разговор помеѓу сите засегнати страни.

-Доколку гледаме дека едната страна не почитува договорено тогаш како Влада ќе мора да интервенираме. Ние не сакаме со интервенционализам да водиме политика, сакаме преку дијалог да дојдеме до заедничко решение. Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа, беше нарушена довербата помеѓу Владата и трговците, додаде Мицкоски.

Премиерот тогаш не ја исклучи можноста да се донесат мерки во однос на цените на производите на денешната владина седница, на која ќе реферира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, а ќе бидат поканети и други надлежни институции.

Според најавите, до крајот на минатата недела требаше да завршат и шестмесечните контроли на ДПИ со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците по што Инспекторатот треба да излезе во јавноста со податоци.

-Течат контролите на дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците. Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки, истакна во четвртокот министерот за економија Дурмиши.

Според него, легитимно е да има бојкот на маркетите бидејќи одредени компании генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните.

– Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и да го толерираме. Ќе ве известиме како ќе постапиме понатаму, подготвени сме да ги преземеме сите мерки што ни се на располагање за да ги спречиме овие незгодни ситуации, рече Дурмиши во четвртокот.

Од Сојузот на стопански комори, пак, велат дека супермаркетите работат со минимални маржи и дека ценовната моќ е кај добавувачите и производителите. Повикувајќи се на резултатите од направена анализа, од ССК посочуваат дека супермаркетите работат со просечна профитна маржа од 0,83 отсто, а производителите и дистрибутерите во просек остваруваат 4,32 отсто.

-Некои добавувачи имаат профитни маржи над 13 отсто, додека супермаркетите остануваат под 3 отсто. Супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи, наведуваат од Сојузот на стопански комори.

Анализата, како што посочуваат од Комората, покажала екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни маржи кои се далеку над оние на супермаркетите.

-Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените, иако заработуваат значително помалку по производ од добавувачите. На листата на 15 најголеми добавувачи се покажува дека овие компании генерираат големи профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8 отсто од вкупниот приход на производителите, но 21,3 отсто од нивниот вкупен профит, велат од Комората.

По примерот на Хрватска потрошувачите во земјава веќе два петоци по ред ги бојкотираат осумте големи синџири на маркети поради високите цени на производите. Ако во првиот петок од бојкотот маркетите имаа намален промет за 46,59 отсто во споредба со вообичаен петок, минатиот петок прометот им беше намален само за 22,12 отсто.

TAGGED:ВладаМаркетиЦени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Тошковски: Од 5 444 исконтролирани возачи за пет дена, констатирани се 2 592 прекршоци, секој втор кој бил запрен сторил прекршок
Следна статија Трамп го потпиша декретот – воведува царини за челик и алуминиум

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов

До крајот на месецов граѓаните на своите сметки треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

Инвеститор за 2,5 милиони евра го купи земјиштето на ски-центарот „Кожуф“, кој е девет години во стечај. На 10 април…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Носиме 35.000 туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија

Нема поубава промоција за една држава од добра туристичка понуда. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи…

February 16, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?