На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски, декларацијата е напишана и на албански јазик, а како земја увозник стои Провинција Македонија.
Увозник на путерот е назначена познатата КАМ ДОО.
На социјалните мрежи граѓаните реагираат дека ова треба да се пријави во Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, како и дека очекуваат овој производ веднаш да се повлече од продажба, со ваква декларација.
Ова се дел од коментарите:
„Сметајте дека, под а, овој путер ќе го купам пак кога ќе си го видам тилот, а ако не се корегира декларацијата брзо, под б, и КАМ ќе биде далечен успомен.
-“Покраина Северна Македонија.” Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.
– „Ми посочуваат во коментари дека проблемот бил кај преведувачот, па дека не било провинција туку покраина итн итн… што и да е, маркетот треба да си реагира и да го корегира ова, бидејќи е на штета на имиџот на компанијата. СРАМОТА!
– „Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.
– „Кам маркет треба веднаш да го повлече од продажба и да го делистира овој производ. Во спротивно, уште утре треба инспекции да излезат на терен и да напишат казни до сите засегнати во овој случај.