strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“
МАКЕДОНИЈА

На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“

Објавено June 2, 2025 17:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Ден за високи гости беше реализиран денеска на армискиот полигон Криволак,  во рамките на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2025“. Учествуваат припадници од армиите на Република Северна Македонија, САД, Република Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Меѓународната вежба е дел од најголемата НАТО – вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“.

Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат над 2.200 армиски припадници од земјите – учеснички. Во текот на денешниот ден, пред многубројни гости меѓу кои и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заменици претседатели на Влада, министри и други, пратеници, генерали од земји учеснички, амбасадори и воени аташеа, градоначалници и претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот, беше изведена теренска тактичка вежба. 

Претседателката на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова рече дека мирот нема алтернатива, тој е избор на храбрите, завет на посветените и обврска на секој што ја носи униформата со чест. 

– Денеска, овде, на полигонот „Криволак“, не испишуваме само уште една успешна страница во историјата на нашата армија, туку ја потврдуваме определбата да бидеме дел од оние што го штитат мирот како врвен цивилизациски истакна таа. 

Притоа додаде дека оваа вежба не е само демонстрација на воена моќ, туку манифест на солидарност, симбол на единство, потсетник дека само заедно можеме да им се спротивставиме на заканите коишто ги загрозуваат мирот и стабилноста. 

– Во време на глобални безбедносни закани, кога светот е растргнат меѓу војните и надежта, нашата армија демонстрира интероперабилност, професионалност и подготвеност да дејствува рамо до рамо со сојузниците, во одбрана на слободата, достоинството и човековите права.
Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба, израз на нашата волја и решеност да бидеме дел од колективниот одговор на современите предизвици и дилеми, нагласи таа. 

Безбедноста на народот е врховен закон, за нас, подвлече претседателката. 

Таа рече дека оваа вежба е порака дека армиите не се само чувари на границите, туку бранители на клучните вредности. Таа е сведоштво дека македонската држава и покрај сите предизвици, стои цврсто на страната на мирот, безбедноста и заедништвото.  

– Особено значајно е што оваа вежба се совпаѓа со 32-годишнината од партнерството меѓу Националната гарда на Вермонт и македонската држава – симбол на нашето длабоко, цврсто и долгорочно пријателство со Соединетите Американски Држави, како столб на трансатлантската безбедност, рече Сиљановска Давкова. 

Притоа изрази благодарност на храбрите војници за пожртвуваноста, трудот и посветеноста и на сојузниците за поддршката, за помошта, за споделеното знаење и за заедничката визија за безбедна иднина. 

– Овој ден нека биде потсетник дека слободата не е случајна, туку плод на идејна определба и постојана борба за неа. Нека биде инспирација за секој млад човек којшто ја гледа Армијата како место каде што чесно и одговорно се служи, но и се учи како да се сака и брани татковината. Денеска, уште еднаш, ја потврдивме нашата определба да бидеме на страната на мирот, но и да сме подготвени, ако и кога е потребно, да го браниме со сите сили.Тоа е наше право. Тоа е наша должност.  
Тоа е наша одговорност. Да продолжиме да градиме силна и кредибилна армија, почитувана во Алијансата и подготвена да ги брани интересите на државата и на народот, но и заедничките интереси, подвлече таа. 

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски рече дека вежбата претставува јасна демонстрација на посветеноста на македонската Армија кон националната и регионалната безбедност, како и стабилноста на Алијансата. 

– Преку планирање, организација и реализација на ваков тип на вежби заедно со американската Армија, Командата на Копнените сили на САД за Европа и Африка, ја зајакнуваме подготвеноста на НАТО и интероперативноста меѓу нашите сојузници и нашите партнери. На овој начин ги унапредуваме способностите за одвраќање и одбрана и ги зацврстуваме националните безбедносни и одбранбени планови и одбранбените планови на Алијансата, додаде тој. 

Притоа рече дека денешниот успех е резултат на посветеноста и работата на секој еден припадник во Армијата. 

– Дополнително, вежбата преставува и силна потврда за подготвеноста на припадниците на декларираната Лесна пешадиска баталјонска група во пресрет на претстојното оценување во 2026 година. Како земја домаќин на вежбата сакам да ја потенцирам важноста и стратешката позиција на нашиот полигон за обука „Криволак“ кој е уникатен капацитет за извежбување со можност за реализација на вежби од големи размери, истакна Мисајловски.

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал мајор Сашко Лефчиски изрази задоволство од настанот и рече дека во услови на сложена геополитичка реалност, оваа вежба има за цел да демонстрира динамичко распоредување на сили во Европа, потребни за одвраќање и зголемена одбрана. Во тој контекст, додаде тој, потребата од заедничко дејствување е поголема од било кога. Притоа подвлече дека станува збор за вежба, што ќе прати силна порака. 

– Дека заедно сме посилни и поспособни, да ги заштитиме демократските вредности, мирот и слободата, истакна Лефчиски. 

Тој се заблагодари на дадената доверба да бидеме домаќини, на оваа, како што нагласи, исклучително важна вежба. Се заблагодари исто така на професионалноста на сите учесници во вежбата. 

Задоволство од професионалноста на учесниците во вежбовните активности изрази и заменик командантот на националната гарда на САД, генерал мајор Левон Камптон.  Тој ги пофали посветеноста и подготвеноста. 

– Сакам да ја изразам нашата исклучителна благодарност на  Северна Македонија за нејзината импресивна и непоколеблива посветеност на регионалните мир и безбедност. Северна Македонија не е едноставно и само сојузник на НАТО, вие сте вреден безбедносен партнер и регионално и во глобални рамки. Вашата посветеност на колективната безбедност е навистина за пофалба, подвлече тој. 

Како што беше истакнато, цел на вежбата е подобрување на сојузничките воени способности, интероперабилноста на сојузниците и партнерите и преку демонстрација на висока подготвеност да се влијае на одвраќање на кој било вид на малициозни активности од потенцијалните противници. 

Притоа, подвлечено беше дека настанот претставува пример за успешна меѓународна соработка, што ги надминува класичните воени параметри и преминува во доменот на долгорочен регионален просперитет и стабилност.

Инаку, во Кавадарци вчера беа организирани Отворен ден на Армијата на Република Северна Македонија и презентација на воената вежба „Брз одговор 2025“. 

На градскиот плоштад беа изложени оклопни возила, борбени возила, вооружување и заштитна опрема. Населението имаше можност да ги види оклопните возила, вооружувањето и заштитната опрема.

TAGGED:брз одговорвисоки гостиВоена вежбакриволак
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика
Следна статија Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Конечно дишеме – ветрот го прочисти воздухот

По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово…

January 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

За ГП „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица, од македонска…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста,…

February 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?