Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори, медицинските сестри продолжија да работат. Здружението „За нас“ апелира за систематски решенија за прашањето за вработување.
Од Министерството за здравство велат дека дале согласност за продолжување на договорите, додека сега Министерството за финансии делумно им издава согласности на клиниките за продолжување на договорите.
Андоновски вели дека до крајот на следната недела ќе бидат дадени сите согласности за нови договори. Во меѓувреме, од Министерството за здравство велат дека работните решеније ќе се дадат до крајот на март