Во саботата се одржа голема борба на настанот UFC 311 помеѓу Умар Нурмагомедов и Мераб Дваишвили, каде Грузиецот на крајот успеа да обезбеди голема победа по пет неверојатни рунди.
Дваишвили делуваше поподготвен од кога и да е за натпреварот, но по самата тепачка излезе еден детаљ кој на крајот секако му одеше во корист на Мераб.
Имено, во текот на првата рунда Нурмагомедов ја скрши дланката, која беше целосно отечена со јасно изместена коска.
Предупредување: Следната фотографија може да биде вознемирувачка за некои читатели!
И покрај тоа што тоа се случи во првата рунда, Нурмагомедов продолжи да се бори во уште четири рунди, и покрај тоа што мораше да трпи силна болка.
На крајот не успеа да победи, но јасно е дека и покрај сѐ покажа голема цврстина.