Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз во низа од Литванија (94-72), овојпат на гостувањето во Клаипеда и дополнително се оддалечија од шанса за пласман на Евробаскетот следната година. Не можеше нашиот најдобар поединец Ненад Димитријевиќ сам, иако имаше ѕвездена партија, на крајот се повреди и тука беше крајот за нашите надежи.
Димитријевиќ беше неверојатен, за неполни 30 минути на паркетот уфрли 43 поени, подели шест асистенции и фати четири скока. Најдобар показател за нашата игра е фактот дека по Нено на листата стрелци следеа Крстевски, Маслинко и Стајиќ со само по шест реализирани поени.
Поразот не значи и дефинитивна елиминација на Македонија од квалификациите за Евробакет 2025, за пласман понатаму потребни ни се две победи во февруари (над пет поени во Талин над Естонија и на домашен терен над Полска), но и пораз на Естонците во Литванија во последното коло.