Безбедносните камери на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ снимиле неверојатна сцена на 8 јануари – жена која без документи или билет, некако успеала да им избега на чуварите, да се провлече под таканаречените е-порти од неодамна ставени во функција и да стигне до авионот кој требало да полета за Малта и покрај строгото аеродромско обезбедување и полицијата, пренесува „Nova.rs“.
Жената од Смедерево била депортирана од Франција во Белград, и успеала да му избега на целиот безбедносен систем на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, и како што пишува медиумот, „ги посочила сите системски дупки и слабости, негрижата и необученоста на луѓето кои биле задолжени да ја обезбедат.
Според новите правила, документите на депортираните лица кои не патуваат во придружба и под надзор на службеници, таканаречени DEPU лица, ги чуваат пилотите или членовите на екипажот на авионот. По слетувањето, тие ги предаваат овие документи или на локалните полицајци или на службениците за безбедност, а доколку нема „комиси за добредојде“, тие можат да му ги дадат на депортираните.
Во овој случај не се знае кому се предадени документите на Србинката од Франција, но жената го искористила нивното незнаење, невнимание и избегала. На видеото до кое дојде порталот Nova.rs се гледа како жена ползи покрај е-портата, ползи под лентите кои го регулираат правецот на движење на патниците, се лизга покрај една од вратите, влегува во канцеларија која во тој момент била празна, а потоа снимањето престанува.
Жената успеала да стигне до авионот на Визер кој требало да полета за Малта, а екипажот видел дека нема ниту билет ниту документи, па на крајот била повикана полиција и жената била приведена. По апсењето таа била испратена на опсервација во психијатриска установа, од каде била пуштена, а не се знае дали против неа е поднесена прекршочна пријава.
Evo kako je žena o kojoj sam pisao pre neki dan prošla sve bezbednosne prepreke na Aerodromu Beograd a potom dospela čak do platforme i aviona Wizzaira u koji je pokušala da se ukrca. Velik blam za sve aerodromske službe zajedno.✈️ pic.twitter.com/ELkodDfoGW
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) January 12, 2025