Кај Бајкалското Езеро во Русија постојат неверојатни ледени пештери, коишто се создадени од разорната моќ на брановите.
Бајкал е познат по својата невообичаено чиста вода, а во зима го произведува најчистиот мраз на светот.
Овие приридни убавини се магнет за многу туристи од целиот свет, кои доаѓаат да ги видат овие чуда на природата.
Структурите од мраз се појавуваат на самиот почеток на зимата, кога има силни бури. Во такви услови, брановите се тркалаат по карпите и замрзнуваат формирајќи ги чудесните релјефни структури.