strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести
МАКЕДОНИЈА

Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести

Објавено December 27, 2024 16:28
strana.mk
Сподели
Сподели

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања, беше кажано на денешниот брифинг на директорите на Фондот за здравствено осигурување со медиумите.

Тој одлив се случи со Ковид-19 и потоа. Делумно поради пензионирање, делумно поради заминување и состојбата со инфектолози е критична низ територијата на целата држава. Има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме останати на пензионерите со продолжување до 67 години и така натаму. Мораме и со програмата за специјализација, меѓутоа и со мотивацијата на персоналот, да обезбедиме „ладен погон“, ако може да кажам, минимум капацитети што мораме да ги имаме. Комуницираме со Министерството за здравство, со директорот на Инфективна, со Министерството за финансии. И дел од проблемот таму и сега да се одобрат 100 работни места, нема да има кој да биде вработен, изјави директорот Сашо Клековски.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека имаат прецизна евиденција колку лекови се трошат на Позитивната листа во аптеките преку системот на рецепти.

За жал, имаме никаква следливост на потрошувачката на обичните лекови, ако можам да кажам, во болниците. Скапата биолошка терапија е на условен буџет и таа е со зголемен надзор и следење ако можам да кажам. Дел се структурни проблеми, наследливост, бидејќи различни институции користат различни начини на одбележување на лековите. Има една работна група од сите институции да договориме да го поедноставиме начинот на следење и регистрација, за да дојдеме до точни податоци – колку лекови се употребуваат во болниците, информираше Клековски.

На новинарско прашање рече дека нема да поскапи партиципацијата туку цената на основен специјалистички преглед која е 380 денари повеќе од 10 години.

Знаете колку чини специјалистички преглед во приватни здравствени установи? Разгледуваме неколку опции, цената нема да порасне како во приватните болници, меѓутоа зборуваме за соодветно валоризирање на трудот на специјалистите, одговори Клековски.

Во однос на зголемување на капитацијата за матичните лекари, тој рече дека се во разговори со Здружението на приватни лекари и со стоматолозите и со матичните гинеколози, кои се сите во сегментот на примарна заштита. Разговарале за дестимулативните мерки, за казнената политика, за капитацијата и за превентивните методи, „во сите тие делови има измена, ние начелно имаме договорено цел каде сакаме да стигнеме, тоа ќе биде повеќе од пристојно зголемување“.

Прашан кога договорците на дело ќе бидат ангажирани во здравството, тој рече дека подолг период се дискутирал моделот на вработување.

Еднаш е направена трансформација на договорите на дело во вработувања. Сега конечната одлука е дека нема да има трансформација на договорите на дело со закон. Туку, сите јавни здравствени установи имаат обврска да поднесат барање до Министерството за здравство и преку Фондот, до Министерството за финансии, за нови согласности за вработувања во 2025 и тоа да се реализира до 31 март 2025 година, како краен датум. Наша одлука, на Фондот, ги продолживме важностите на сите договори на дело за уште три месеци за да се обезбеди оваа транзиција. Таргетот е околу 1.500 вработувања, подвлече Клековски.

Тој беше прашан дали има шанса за еден колективен договор во јавното здравство, бидејќи сега имало петнаесетина.

Еден колективен договор не значи помали права од петнаесетте колективни договори, туку значи во еден документ да ги вклучиме сите. Мислам дека е најтранспарентно и за синдикатите, односно за вработените и за работодавачите да сите систематизации, плати, бидат на едно место, смета Клековски.

Се случувало да има забуни, кој колективен договор да се следи, а тоа создавало непотребни нервози, конфликти и судски спорови.

Баш можам да кажам, кој како си го договорил со министерот во минатото, таков колективен договор си потпишал и сега имаме професии што се потценети, а стануваат критични за натамошното функционирање на здравството, додаде Клековски.

Прашан дали е вистина дека работниците на Стоматолошката клиника се без здравствено осигурување, посочи дека инциденти со здравственото осигурување се случуваат на дневна основа. Најчесто, заради чести прекини, пријави и одјави, што не се навремено приметени и поради такви грешки во пресметките, кога ќе истечат 60 дена од грешката, се прекинува. Кај нас има 10 луѓе ангажирани само за решавање такви условно кажано грешки во системот, најчесто предизвикани од чести пријави и одјави, појасни Клековски.

Тој потсети дека има глобален недостиг на лекари, здравствени работници, а не само во нашата држава.

TAGGED:вработувањаинфективна клиникаскопје
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
Следна статија Со ножеви нападнале полицајци откако ги застанале за лошо возење

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Пронајдени три починати лица во Скопје на различни локации

Министерството за внатрешни работи во најновиот билтен информира за пронајдени три починати лица во изминатото деноноќие на три различни места.…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Отповикани девет амбасадори меѓу кои и: Жерновски, Рамчиловиќ, Крстевски…

Со одлука на Министерството за надворешни работи, вчера се отповикани неколку македонски амбасадори. Станува збор за: Како причина за нивното…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен

– Противпожарниот апарат што се гледа на една од снимките со кој се гаси почетниот пожар е несоодветен, наменет е…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во тек е истражна постапка за трагедијата во Кочани

Претседателот на Основен суд Кочани, Спиро Борисов денеска во изјава за медиумите истакна дека во тек е истражната постапка и…

April 10, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?