Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ реагираа на неетичко известување на српски, регионални медиуми и претставници на странски дописници за погребот во Кочани.
Повикаа да ја почитуваат приватноста на семејствата на жртвите и да не објавуваат фотографии и видеа кои вознемируваат.
Дел од српските и некои хрватски медиуми објавија фотографии од погребот со ожалостените семејства.
Граѓаните во коментари под објавите ги осудија бидејќи го фотографирале погребот и не ја почитувале болката на најблиските.
Владата претходно донесе протокол за медиумите, според кој, на денот на погребот можеа да следат од оддалеченост од 300 метри.
ЗНМ (Здружение на македонски новинари) ги повика медиумските работници и уредници да не отстапуваат од воспоставениот протокол, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини кои можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат до стандардите на етичкото новинарство.