strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Нема да има приватна градба, просторот околу Собранието станува безбедна зона
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема да има приватна градба, просторот околу Собранието станува безбедна зона
МАКЕДОНИЈА

Нема да има приватна градба, просторот околу Собранието станува безбедна зона

Објавено June 3, 2025 18:54
strana.mk
Сподели
Сподели

Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона.

Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување поднесување на ова законско решение по скратена постапка.

За прогласување на законот за просторот околу Собранието на РСМ за безбедносна зона, со што се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, надзорот и уредувањето на имотоно правните прашња поврзани со просторот околу Собранието, прогласен за безбедносна зона имајќи во предвид дека во минатото поради атрактивноста на самиот простор имаше обиди за негово приватно уредување, односно влегување на приватен стопански субјект. Сметаме дека ова законско решение е исклучително важно со што се уредува безбедносната зона на самото Собрание, изјави Мицески, нагласувајќи дека нема да забрани собирање и изразување на разни протести или настани на булеварот пред Собранието.

Пратениците ја изгласаа и потребата од носење по скратена постапка и ги дадена на понатамошпо читање и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи и Предлогот на закон за изменување на Законот за работните односи.

Собранието, по утврдувањето на дневниот ред на денешната 51 седница, како прва точка ја разгледа и донесе одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Понатаму пратениците, без расправа ги донесоа и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, одлуката за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал, одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието, како и одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседател и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

Собранието, исто така, ја донесе одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ),

По однос на оваа точка, пратеникот Халил Снопче побара од претседателот на Комисијата за именувања да излезе на говорница и да каже дали против него има некакви забелешки.

На тоа пратеникот Ѓорѓија Сајкоски му реплицира дека нема забелешки во неговата работа.

Вие си го направивте вашиот избор, во Собранието има пропорционална застапеност на пратениците, вие одбравте да бидете во опозиција. Нема забелешки за твојата работа во однос на таа комисија, но вие заедно со тројца пратеници имате пропорционална застапеност само во неколку комисии да учествувате, рече Сајкоски.

На седницата воедно беа изгласани и одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Пратениците во прво читање ги изгласаа и предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на закон за изменување на Законот за приватните агенции за вработување и го дадоа на понатамошно читање.

Додека за Предлогот на закон за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје – Прво читање, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2024 година, заменикот претседател на Собранието Антонио Милошоски рече дека ќе бидат разгледани кога ќе се овозможат деловнички можности за тоа.

Седницата продолжува утре

TAGGED:безбедна зонасобрание
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Со Оперативниот план ќе се вработат 400 пожарникари за справување со пожарите
Следна статија Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Чувствувате ли вина, зошто се вративте?“, Артан Груби по шест часа распит однесен во суд

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан…

February 23, 2026

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот…

February 21, 2026

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

February 10, 2026

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Собранието вчера ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Илинденски коњаник даде заклетва и запроси ,,комитка” (ВИДЕО)

На утринската церемонија во Бигорскиот Манастир еден од илинденските коњаници даде заклетва и веднаш на изненадување на неговата девојка ја…

July 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.Новата…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас, Македонија останува со крената глава, нема да дозволиме ново предавство

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме…

July 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?