Kако одговор на тврдењаta дека немало интрес за патување со воз на релација Скопје -Куманово и дека на оваа линија се превезувал само еден патник, директорот за влеча и одржување на возовите, Игор Коруноски, сподели видео на својот Фејсбук профил, прикажувајќи го попладневниот воз на релација Скопје – Куманово.
Во својата објава, Коруноски истакнува дека ваквите вести се иницирани од оние кои во изминатите седум години укинале железнички линии, со намера Македонија да остане без железница. Тој нагласува дека „Македонски железници“ ќе продолжи да обезбедува услуги, дури и за еден патник, бидејќи секој патник го заслужува тоа и затоа што земјата мора да има функционална железница.