Фондот на пензиското и инвалидското осигурување информира дека граѓаните можат да се информираат преку повикувачкиот број 02/ 15 215 во новиот Кол центар секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот.
Во Кол центарот можат да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, како и за најнискиот износ на пензија.
Информација ќе можат да добијат и за остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица), остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија, но и за условите за остварување на право за сместување во пензионерски дом.
– Со отворањето на новиот Кол центар се прави уште еден чекор во насока на подобрување на услугите што ги даваме, како и олеснување на пристапноста до информациите кои им се потребни на граѓаните, а се во наша надлежност – ин формираат од Фондот за ПИОМ.