Од 1700 до над 2500 евра за метар квадратен треба да издвојат граѓаните за сопствен стан во Скопје , за изнајмување ретко каде се наоѓа под 300 евра месечно. Трендот на раст на цените на недвижнини во изминатите години во цела држава не стивнува, па така веќе има огласи каде квадратот е и 2700 евра, пишува ТВ Алфа.
Веројатно високите цени ја намалија побарувачката, но сепак не доволно за да падне цената за квадрат во Македонија. Спооред податоците од Агенцијата за катастар на недвижнини има благ пад – односно во првиот квартал годинава бројот на купопродажби паднал за 11 отсто во однос на последниот квартал лани. Годинава продадени се 1947 станови за што граѓаните потрошиле над 137 милиони евра, а продадени биле 623 куќи. Според ситуацијата на пазарот, градежниците не очекуваат пад на цената во скоро време
Во моментов не може да се очекува пониска цена, а тоа е поради една единствена причина дека во општините со големи трансакциски активности побарувачката од понудата е многу поголема, се додека побарувачката е голема не може да се очекува стабилизација … Во моментов според последните статистички податоци се уште гледам, дека има некој благ раст на цените на становите кој го следи трендот минатите години но сега е тој е позабавен и се должи на помалата побарувачка , вели Андреа Серафимоски – Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали.
Само израмнување на понуда и побарувачка би можеле да доведе до стабилизација на цените Ако во минатото тие што живеат во Македонија сакале да инвестираат во недвижнини, сега интересот е зголемен и од граѓаните од дијаспората кои препознаваат можност за профит. Не само новите градби, зголемени се цените и на становите на старите градби .
Забележлив е и растот на цените за изнајмување стан. Во Скопје ретко каде се наоѓа стан под 250 – 300 евра месечно. Според податоците за првиот квартал најмногу закупи се регистрирани во февруари, и тоа вкупно 883. Вкупно 2,327 објекти се издадени под закуп, и нивната вредност достигнува 874 илјади евра.