Познатиот готвач Гордон Ремзи е тешко да се задоволи и измами. Познат по својот остар јазик кој никого не остава рамнодушен и со десетици ресторани и седум Мишелин ѕвезди, откри кое јадење никогаш не го нарачува во ресторан. Тоа е супата на денот, која келнерот ќе ви ја препорача во 90 проценти од случаите.
Ако некој знае што се случува зад затворените врати на кујните во рестораните, тоа е овој готвач. Затоа би било добро да го слушате кога дава совети од ваков тип.
Готвачот Гордон Ремзи, сопственик на 12 ѕвезди на Мишелин и низа ресторани ширум светот, сподели неочекуван совет кој може да го промени она што го нарачувате во рестораните.
Неговиот совет? Избегнувајте ја дневната супа.
Да, чорбата, односно дневната супа – навидум безбеден избор за почеток на оброкот. Сепак, Ремзи во интервју за „Town & Country“ откри дека зад таа навидум свежа понуда често се кријат стари состојки кои постојано се повторуваат и се претставуваат како специјалитет.
„Секогаш прашувај која била чорбата на денот, за вчерашниот ден, пред да ја нарачаш денешната“ предупреди Ремзи.
Познатиот Ремзи признава дека често се потпира на препораките на келнерот кога нарачува.
„Патувајќи, добив многу одлични препораки од келнерите.
Затоа, следниот пат кога ќе седнете во ресторан и ќе ја почувствувате примамливата арома на „свежата“ супа од денот, запомнете ги зборовите на Ремзи.