strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти

Објавено May 25, 2025 09:22
strana.mk
Сподели
Сподели

Наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, пред се инфраструктурни. Спремни сме и многу мотивирани. Всушност и брзината со која што дојдовме до овие два договори – Влада со Влада и стратешко партрнерство, е најдобра потврда за ова што го зборуваме. Она на што сум особено горд е дека ова е прв договор од ваков тип кој што Велика Британија го потпишува со кого било во регионот што покажува дека Македонија ја гледа како свој најсилен партнер во регионот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА.

– Најдобра потврда за ова што го зборуваме е дека на другата страна ја имаме Велика Британија. Тоа е светска сила број два, нуклеарна сила, земја членка на Советот за безбедност, земја победник во Втората светска војна и единствена кралска империја која што преживеа во светот. Така што не случајно тие потпишуваат со нас договори и не е дека потпишуваат со секого договори. Како што кажав ние сме единствени во целиот регион со кого имаат потпишано договори, вели Николоски на прашањето за забелешките во јавноста околу капацитетот на Владата да ги реализира проектите утврдени со договорот потпишан со Владата на Обединетото Кралство

Во интервјуто тој говори и за условите за користење на парите од договорот, кога ќе се случат првите активности на терен за планираните проекти, а најавува и можност за влез на нискобуџетниот ирски авиопревозник „Рајанер“ на македонскиот пазар.

Вицепремиерот Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас во четвртокот во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерството за реализација на инфраструктурни проекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. Со проектите од договорот и стратешкото партнерство се очекува да се поттикне економскиот раст и да се подобри животот на граѓаните во земјава, а билатералните односи меѓу двете држави да се издигнат на едно ново ниво.

Вториот договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, кој што ја опишува целокупната политичка и економска рамка на соработка помеѓу државите, во следниот период ќе го потпишат двајцата премиери Христијан Мицкоски и Кир Стармер, наведува Николоски.

Следува целосното интервју:

Потпишавте договор меѓу владите на Македонија и Велика Британија во рамки на стратешкото партнерство со кој Македонија на располагање добива пет милијарди фунти за инвестирање во капитални проекти. Дали може да ги појасните условите од договорот?

Како што кажав зборуваме за два важни договори. Едниот е договор влада со влада помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, договор кој што треба да овозможи размена на знаења на искуство и во делот на јавната администрација и во делот на бизнисот, ќе ни помагаат претставници од Обединетото Кралство во двата сектори што мислам дека ќе ја донесе и македонската јавна администрација и бизнисот на друго ниво. Дел од тој договор е и рамка од пет милијарди фунти, кои што механизмот на ОК за меѓународно финансирање ги става како рамка на располагање на Македонија кои планираме да ги користиме за реализација на инфраструктурни стратешки проекти во делот на транспоротот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина. Се работи за проектно финансирање нешто што мислам дека Македонија ќе ја донесе на едно комплетно ново ниво на развој и вториот договор за стартешко партнерство помеѓу двете држави, кој што договор во следниот период ќе го потпишат двајцата премиери кој што ја опишува целокупната политичка и економска рамка на соработка помеѓу државите. Она на што сум особено горд е дека ова е прв договор од ваков тип кој што Велика Британија го потпишува со кого било во регионот што покажува дека Македонија ја гледа како свој најсилен партнер во регионот. Ние сме сојузници во НАТО но ова е веќе еден друг вид соработка. Тука не се работи за задолжување туку за проектно финансирање така што како ќе доаѓаат проектите така ќе зборуваме и за финансирање на истите и секако ќе ја запознаеме јавноста со детали во оној момент кога ќе имаме деталите. Генерално, за да реализирате еден проект се потребни четири чекори. Првиот е да го имате проектот што веќе го имаме, вториот е да ја имате правната рамка – тоа го направивме денес. Третиот е да имате финансии – тоа е нешто што ќе го работиме во следниот период и четвртиот е да изберете изведувач кој што ќе го реализира. Така што очекувам во текот на летотото да имаме и веќе завршено финансирање и избрани изведувачи за проектот за брза пруга на Кородорот 10, проектот во здравството за изградба на нова болница и здравствен дом во Кичево, целосна реконструкција на Клиничката болница во Штип, а во делот на образованието изградба на Медицински факултет во Штип и студентски дом во Штип?

Македонија досега веќе има потпишано договор на ниво на влада со Унгарија за заем за една милијарда евра под многу поволни услови?

– Договорите не би ги споредувал, далеку се едни од други. Ова е еден договор за стратешка соработка, се работи за една широка рамка на политичка соработка. Ова што го спомнавте со Унгарија беше договор за задолжување за позајмување една милијарда евра, така што не би ги споредувал.

Во јавноста најголем интерес побудува прашањето за условите под кои ќе се користат парите од Договорот со Обединетото Кралство?

-Тоа е нешто што е проектно финансирање, зависи од зрелоста на проектите, од тоа кога ќе ги реализираме проектите, колкава ќе е висината на финансирањето на проекти. Но она што можам да го кажам е дека ќе бидат најдобри услови кои што Македонија било кога ги добила од било кого, и дека се услови кои што во моментов Македонија не може да ги добие од ниедна друга релевантна западна меѓународна институција затоа што максимум што досега Македонија успеала да обезбеди се 350 милиони евра, а тука веќе зборуваме за проекти коишто надминуваат две милијарди евра иницијално или шест милијарди евра финално. Така што како ќе доаѓаат проектите така ќе ги утврдуваме рамките и ќе ја информираме јавноста.

Досега се потврдени три сета на проекти во железница, здравство и образование со вредност од околу 2,2 милијарди евра. Кога може да се очекуваат првите конкретни активности на терен?

– Тука сме доста амбициозни. Нашиот план е некаде до крајот на летото да го имаме завршено делот на избор на изведувачи и делот на обезбедување на финансирање. После тоа секако на тие изведувачи им е потребно време од неколку месеци да се мобилизираат и очекувам во доцната есен да почнат првите активности на терен.

Дали тоа што наесен се закажани локални избори може да влијае на ваквата агенда, бидејќи има ограничувања во однос на носење одлуки поврзани со финансирање?

Не гледам како би влијаеле. Одлуките кои што ние сега ги носиме, се уште не сме влегле во изборен период. Секако, ќе го почитуваме изборниот период.

Едно од прашањата кое се проблематизира во јавноста е и капацитетот на Владата за спроведување на вакви големи инфраструктутни проекти бидејќи не секогаш земнјава успева да ги исполни оние предвидени со буџет капитални инвестирања?

– Точно, тоа беше голем проблем на претходните влади. Но наша амбиција е да сме различни од претходните влади и да реализираме проекти, да реализираме, пред се инфраструктурни проекти. Така што сметаме дека сме спремни, многу сме мотивирани. Всушност и брзината со која што дојдовме до овие два договори – Влада со Влада и стратешко партрнерство, а на крајот на денот најдобра потврда за ова што го зборуваме е дека на другата страна имаме ниој друг туку Велика Британија. Тоа е светска сила број два, нуклеарна сила, земја членка на Советот за безбедност, зема победник во Втората светска војна и единствена кралска империја која што преживеа во светот. Така што не случајно тие потпишуваат со нас договори и не е дека потпишуваат со секого договори. Како што кажав ние сме единствени во целиот регион со кого имаат потпишано договори.

Како, според Вас, овој договор ќе ги надополни или ќе ги подобри целите на земјата во однос на евроинтеграциите?

– Па, не би го поврзувал ова со евроинтеграциите. Се работи за билатерална соработка. Велика Британија не е членка на ЕУ.

Да, но не поддржува во однос на членство во ЕУ.

– Точно, но во однос на ЕУ, секако ќе си разговораме со ЕУ и процесот ќе го водиме таму.

За време на посетата на Лондон се сретнавте и со директорот на „Рајанер“ во однос на можноста за воведување нови авиолинии од и кон Скопје и Македонија?

Наша амбиција е да растат двата аеродроми. Минатата година кога бев избран, двата аеродмори, за жал, одеа галопирачки надолу со 25 до 30 проценти годишно намалување на бројот на патници и решивме да ги трансформираме. Веќе имаме 10 нови линии за само неколку месеци, кои што успеавме со новата политика на субвенционирање да ги обезбедиме. Со „Рајанер“ исто така разговараме и тие да отворат линии, да дојдат на македонскиот пазар. Досега, за жал, не се присутни и очекувам дека и нивното присуство ќе значи многу во зголемување на бројот на директни линии. Како што кажав, успеавме да обезбедиме 10 нови линии само за неколку месеци.

TAGGED:Договор Британијаниколоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Филмскиот фестивал во Кан заврши, Златната палма ја доби ирански филм
Следна статија (Видео) Минесота ја декласира Оклахома

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Словенците ни го зедоа ајварот, Марта ни го дава пинџурот

Koмесарката Марта Кос со вчерашната изјава барем за неколку проценти го крена евроскептицизмот кај македонските граѓани. Таа се дрзна среде Скопје македонскиот идентитет да го спореди…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро. -Вечерва на повеќе локации е…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе…

March 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?