Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус од УНЕСКО на Охридското Езеро и регионот, а во исто време да се направи и автопатот од Требеништа до Ќафасан.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска истакна дека на автопатот Кичево-Охрид се предвидени четири делници.
Како што нагласи Николоски, ветил и зборот ќе си го оддржи. До крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат од Кичево до Охрид. Тој посочи дека тука се поставува прашањето на кој начин најдобро е да се поврзе Струга
Имаме стриктни забрани од УНЕСКО да развиваме пат и железница во заштитениот дел од Охридското Езеро, каде влегува и делот кој потенцијално би го опфаќала и оваа патна делница. Очекувам во текот на месец март заедно со министерот за култура, градоначалникот на Охрид и останати експерти во Париз да имаме средба на највисоко ниво, каде што ќе ги отвориме овие прашања и секако дека нема да одиме спротивно на препораките на УНЕСКО. Многу е значаен статусот кој го има и градот Охрид и Охридското Езеро. Секако дека ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе значи поместување на трасата посеверно или ќе значи целосно нова траса или ќе можеме да се вклопиме во постојната траса, се работи кои ќе ги дискутираме. Тука имаме уникатна состојба и само во овој дел не сакам да се врзувам за рокови, туку и за заштита на сето ова што го имаме – рече Николоски.
Министерот за транспорт додаде дека ќе се работи на тоа да се најде најдобар можен баланс помеѓу заштитата и развојот на инфраструктурата.