Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцирал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.
Како што соопшти денеска Министерството за транспорт, Николоски ги презентирал транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на Коридор 10. Потенцирал дека унапредувањето на брзината на овој коридор е особено значајно за поевтин и побрз карго транспорт за Централна Европа. Биле презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.

Вицепремиерот Николоски на средбата истакнал дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополнил вицепремиерот Николоски, се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.
– На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења, се вели во соопштението.
Претходно, вицепремиерот се сретнал и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.

Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден