strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје

Објавено November 27, 2024 10:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, што Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера ги доби преку проект од Европската унија во вредност од 10 милиони евра. По минатонеделниот речиси целосен прекин на јавниот превоз во Скопје, автобусите на ЈСП сообраќаат со нафта од државните резерви и се очекува исходот од итната јавна набавка на нафта. Од Владата најавуваат дека повторно ќе го поддржат ЈСП доколку има потреба. Се подготвува и документацијата за тендерот за набавка на околу 100 електрични автобуси за ЈСП, што се очекува да биде распишан до крајот на годината.

На примопредавањето на автобусите, евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека проектот „ЕУ за чист воздух“ ќе помогне за намалување на загаденоста на воздухот, што, како што рече, е сериозен еколошки проблем со којшто се соочуваме со самиот почеток на грејната сезона и веќе со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните.

-Целта е Скопје заедно со другите градови да се претвори во живописно место за живеење, нагласувајќи дека граѓаните ќе почнат повеќе да го користат јавниот превоз кога системот ќе биде подобро опремен. Не треба да очекуваме уште утре сите да се качат на автобус, меѓутоа мислам дека кога е вистинско време, кога системот ќе биде подобро опремен, ова ќе се случи, рече Рокас.

И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити укажа на придобивките од збогатувањето на возниот парк на ЈСП и оти се подобруваат условите за користење на јавниот превоз. Во таа насока рече дека е и планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси што ја најави премиерот.

-МЖСПП и Владата работат во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, оваа година проектиравме и низа дополнителни конкретни активности и ги насочивме сите расположливи ресурси во преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на загаденоста, изјави Меџити.

Тој најави дека Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта.

– Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, повторно за општините за зајакнување на децентрализацијата. Но, кога не можат општините тука е Владата, бидејќи најбитни ни се граѓаните. Значи и кога не е наша обврска Владата ќе излезе во пресрет…Ние би сакале општините да се јаки и добро изменаџирани, но кога не можат побитни ни се граѓаните, а посебно Скопје кој што е главен град, рече Меџити на новинарско прашање.

За градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, набавката на шесте автобуси е доказ дека кога не е блокирана градската администрација, е способна да спроведе ваков проект. Се надева дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Одлуката на Владата да набави електрични автобуси ја оцени како задоцнета.

– Најавата, која што ја слушнав од медиумите, доколку е вистина, можам само да ја поздравам и да кажам дека е задоцнета затоа што Владата имаше мнозинство во Советот на Град Скопје и веќе трета година по ред можеше да донесе иста или слична одлука без разлика дали се работи за задолжување или, пак, се работи за средства што градот Скопје ги има од сопствен капацитет и коишто можел да ги покрие, изјави Арсовска.

Како што рече, во изминатите 25 месеци на секоја седница на Советот на Град Скопје постоела точка на дневен ред за набавка на нови автобуси за ЈСП Скопје и никогаш нема оправдување зошто не се гласа.

– Очигледно е дека се работи или за некаква политичка агенда или за идни аспирации за коруптивно однесување за кое оставам граѓаните сами да проценат. Најважно од се е дека граѓаните ја трпат најголемата штета од ваквото однесување, рече Арсовска.

Таа укажа и дека долгот на централните власти кон ЈСП Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите.

Одговарајќи на новинарски прашања, Арсовска рече дека ЈСП е огромен потрошувач на нафтени деривати, нагласувајќи, дека станува збор за тековни побарувања, а проблем е и одржувањето на автобусите и набавката на резервни делови.

Откако поголем дел од автобусите на јавното сообраќајно претпријатие минатата недела останаа во гаражите поради немање гориво, Владата на вонредна седница донесе одлука да додели 250.000 литри нафта како позајмица од државните резерви за ЈСП. Тие количини се доволни за 10-тина дена, а решение се очекува од исходот на почнатата итна набавка на нафта со преговарање, на која на барање на раководството на JCП, Бирото за јавни набавки одговори позитивно.

Премиерот Христијан Мицкоски завчера порача дека обезбедените 250.000 литри нафта ќе бидат доволни за извесен период, но оти градот ќе треба трајно да го реши проблемот.

Тендерот за планираната набавка на 100 до 120 електрични автобуси за јавниот градски превоз се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува и се утврдуваат условите за плаќање. Најголемиот дел од новите автобуси ќе бидат за Скопје, а ќе има и за другите општини со организиран јавен градски превоз

TAGGED:градски автобусиданела арсовскаеуизет меџитихристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел
Следна статија Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Невладините кои имаа спонзорства од УСАИД сега бараат покровителство од фондовите на ЕУ

Меѓународната комисија на правници (ICJ), заедно со над 60 граѓански организации, се приклучи на итниот апел со кој ги повикува…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме

Се додека ја работиме оваа работа, нема пречка што е невозможно да се помести. Ќе работиме катадневно и Ве молам…

January 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал би требало да имаме висок раст на БДП, очекува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува според последните индикатори во економијата во вториот квартал да има висок раст на домашниот БДП. Сите…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Оваа недела ќе ги има 6-те биолошки лекови за онколошките пациенти, најавија Таравари и Клековски

Оваа недела ќе ги има шесте биолошки лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, потврди министерот за здравство…

January 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?