strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?
ЗДРАВЈЕ

Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Објавено July 27, 2025 19:39
strana.mk
Сподели
Сподели

Според ново истражување, растителна замена за шеќер – стевиа, би можела да се користи за лекување на најтешката форма на рак, без несакани ефекти.

Студијата е објавена во Меѓународниот журнал за молекуларни науки, но тестовите досега се направени само на лабораториски примероци.

Стевиата е позната како природен засладувач без калории, но истражувачите од Универзитетот во Хирошима откриле дека крие многу поважен потенцијал. Стевиата ферментирана со сој на бактерии од листови од банана покажа исклучителен антиканцероген ефект врз клетките на ракот на панкреасот – еден од најагресивните и најсмртоносните тумори денес.

Ова откритие отвора можност за развој на таканаречени пробиотски терапии за рак.

Не станува збор за неоснована алтернативна медицина
На прв поглед, терминот пробиотска терапија може да звучи како дел од светот на непотврдена алтернативна медицина, но тоа е научно заснован пристап кој користи живи микроорганизми, најчесто лактобацили и бифидобактерии, за да влијае на биолошките процеси во телото – од регулирање на имунолошкиот одговор до намалување на воспалението и, сè повеќе, насочено дејство врз туморските клетки.

Во ова јапонско истражување, бактериите од банани беа користени за екстракција на ново соединение со антиканцерогени својства од стевиа. Пробиотските култури не дејствуваат како лек сами по себе, туку служат како биолошка алатка за создавање помоќни молекули што телото поинаку не би ги произведувало. Овој пристап, познат како микробна биотрансформација, отвора врата за развој на целосно нови терапии.

Ракот на панкреас е тешко да се открие, а уште потешко да се лекува
Со петгодишна стапка на преживување помала од 10%, ракот на панкреас е меѓу најсмртоносните видови на рак. Тешко е да се открие во раните фази, се шири брзо и често не реагира на вообичаени методи на лекување како што се хемотерапија, радиотерапија или хирургија. Затоа научниците ширум светот бараат нови терапевтски опции.

Ферментација – клуч за ослободување на лековити соединенија

Истражувачкиот тим предводен од проф. Масанори Сугијама и проф. Нарандалај Даншиитсудоло покажа дека ферментацијата на екстракт од стевиа со употреба на соеви на Lactobacillus plantarum SN13T драстично го менува неговиот хемиски состав. Создадено е ново соединение – метил естер на хлорогена киселина (CAME) – кое има силен токсичен ефект врз клетките на ракот на панкреасот (линија PANC-1), а не им штети на здравите бубрежни клетки (HEK-293).

Бубрезите се особено чувствителни на токсичноста на лековите, особено на хемотерапевтските лекови. Многу цитотоксични терапии (како што е цисплатинот) предизвикуваат оштетување на бубрезите, поради што претклиничките студии често тестираат за оштетување на бубрежните клетки.

Брубрежните клетки HEK-293 се стандардна линија на човечки ембрионални бубрежни клетки и се користат како модел за нормални, нетуморски клетки. Нивната отпорност при тестирањето значи дека потенцијална терапија би можела да го таргетира туморот без сериозни несакани ефекти врз здравите ткива.

CAME, создаден со микробиолошка трансформација, е многу поефикасен од неферментираната стевиа, па дури и од самата хлорогена киселина од која е добиен. Ензимите произведени од специфични бактерии од банани играат клучна улога во овој процес.

Резултати од експериментите
Во контролирани лабораториски услови, научниците ги споредија ефектите од ферментираниот и неферментираниот екстракт од стевиа. Ферментираниот екстракт (FSLE) се покажа дека е многу подобар во уништувањето на клетките на ракот на панкреасот, а не им штети на здравите клетки, дури и при високи концентрации.

Покрај стимулирањето на апоптозата – природен механизам на клеточна смрт – CAME има потенцијал селективно да ги таргетира туморските клетки, што е многу важно за развој на безбедни терапии против рак.

Зошто терапијата делува селективно?
Постојат неколку причини зошто некои антиканцерогени соединенија ги таргетираат туморските клетки, а не здравите клетки.

Главната причина лежи во разликите во метаболизмот помеѓу туморските клетки и здравите клетки. Туморските клетки имаат забрзан метаболизам и поголема потреба за енергија, поради што се почувствителни на соединенијата што предизвикуваат стрес во митохондриите и го нарушуваат балансот на оксидантите и антиоксидансите.

CAME веројатно предизвикува оксидативен стрес или нарушување на сигналните патишта кои се специфично активирани во туморските клетки.

Исто така, рецепторите и ензимите кои го препознаваат или разградуваат соединението можат да бидат поизразени во туморските клетки, па затоа тие апсорбираат повеќе од активната супстанца отколку здравите клетки. Со тоа, дејството е селективно насочено кон туморот.

Конечно, апоптозата, т.е. програмираната клеточна смрт, е построго регулирана во здравите клетки, додека туморските клетки се поблиску до прагот на активирање на овој механизам, па затоа полесно влегуваат во апоптоза под стрес како што е CAME.

Понатамошни чекори
Следниот чекор од истражувањето е да се спроведат тестови на животински модели, со цел да се потврди ефикасноста, безбедноста и оптималните дози на CAME во реални биолошки услови.

Професорот Даншиитсудол истакнува дека ова истражување не само што го продлабочува разбирањето на микробната биотрансформација на растителните екстракти, туку и ги поставува темелите за употреба на пробиотика како природни антитуморски агенси.

Гастроентерологот д-р Божо Радиќ забележува дека ферментацијата како начин за создавање нови или посилни биоактивни соединенија не е нов пристап, туку е сè почеста практика во индустријата за додатоци во исхраната и козметика.

„Целта е да се избегне осиромашувањето на природните ресурси, да се овозможи „зелено“ производство и индустриска одржливост. Затоа е многу интересно што авторите го примениле овој принцип на клетките на ракот на панкреасот – еден од најрезистентните видови на рак – и добиле високо селективен антиканцероген ефект на соединение создадено со микробна ферментација. Секако, патот од таков ин витро модел до готов лек е долг, неизвесен и скап, но ова е елегантен пример за тоа како насочената ферментација може да генерира функционални молекули со потенцијал за прецизна идна терапевтска примена во медицината“, објаснува Радиќ.

TAGGED:ракстевија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ФОТО) Се ожени синот на Драгана Мирковиќ
Следна статија Трамп: САД и ЕУ постигнаа историски трговски договор

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со…

January 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ина Многуфина: За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, лани си отишле 2000 медицински сестри од државава

- Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си одат се повеќе, ги едуцираме и им ги…

May 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по враќањето на поголемиот број повредени од болниците во…

May 16, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?