strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“
ЗДРАВЈЕ

Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“

Објавено June 17, 2025 08:33
strana.mk
Сподели
Сподели

Стотици илјади луѓе со напреднат рак на главата и вратот би можеле да живеат подолго и без враќање на болеста благодарение на имунотерапијата, сугерира новото клиничко испитување. 

Научниците кои го воделе истражувањето велат дека ова е првиот значаен напредок за пациентите со оваа тешка дијагноза во последните 20 години, пишува Би-Би-Си.

Ракот на главата и вратот е еден од најчестите малигни тумори во Европа и во светот (меѓу 10-те најчести). За повеќето од овие тумори, главни фактори на ризик се пушењето тутунски производи и консумирањето алкохолни пијалоци, како и инфекцијата со ХПВ (хуман папилома вирус).

Се проценува дека бројот на случаи со рак на главата и вратот во Европа е околу 140.000 годишно (не вклучувајќи ги туморите на кожата), од кои над 65.000 случаи годишно завршуваат со смрт. Ракот на главата и вратот се развива во слузницата што го покрива горниот дел од дигестивниот и респираторниот систем и ги вклучува усните, усната шуплина, ждрелото, ларинксот и синусите. Покрај ракот на слузокожата на главата и вратот не се ретки ниту малигните тумори на кожата. Во туморите на главата и вратот не се вклучени туморите на мозокот и окото.

Лаура Марстон (45), од Дербишир, вели дека е „изненадена што е сè уште жива“ бидејќи кога ѝ бил дијагностициран напреден рак на јазикот пред шест години, нејзината прогноза била исклучително лоша. Таа примила имунотерапија пред и по операцијата, а истражувачите објаснуваат дека овој пристап му помага на телото да научи да го препознае и уништи ракот ако се врати.

Ракот на главата и вратот е исклучително тежок за лекување, а начинот на кој се пристапува кон терапијата не се променил значително две децении. Повеќе од половина од пациентите со напреден рак на главата и вратот умираат во рок од пет години од дијагнозата.

Просечното време без повторување на болеста се дуплирало

На Лаура, откако развила рана на јазикот што не исчезнувала во 2019 г. ѝ прогнозирале само 30% шанси дека ќе поживее пет години. Следела опсежна операција за отстранување на јазикот и лимфните јазли на вратот, а потоа и макотрпен процес на повторно учење говор и како да јаде. „Имав 39 години и бев скршена“, изјавила таа за Би-Би-Си.

Како дел од меѓународната студија во која учествувале експерти од Лондонскиот институт за истражување на ракот, Лаура била меѓу над 350-те пациенти кои го примиле имунотерапискиот лек пембролизумаб – и пред и после операцијата – за да се поттикне имунолошкиот одговор.

Професорот Кевин Харингтон, кој го водел британскиот дел од испитувањето, објаснува: „Му даваме шанса на имунолошкиот систем да го препознае туморот и да развие одбрана против него. Откако ќе се отстрани туморот, продолжуваме да го засилуваме тој одговор со континуирано давање на лекот до една година.“

Сличен број пациенти со ист тип на рак добиле конвенционална терапија. Сите имале локализиран, но и напреднат рак на главата и вратот. Новиот пристап покажува охрабрувачки резултати – просечното време без повторување на болеста се дуплирало, од приближно две и пол години на пет години.

Три години по третманот, пациентите кои примале пембролизумаб имале 10 проценти помал ризик од ширење на ракот на други делови од телото.

Ми го врати животот“

Шест години по дијагнозата, Лаура сега работи со полно работно време и вели дека е „во добра фаза од животот и одлично се справува“. „Тоа беше неверојатно искуство за мене затоа што сум тука и можам да разговарам со вас“, вели таа. „Никој не очекуваше да стигнам толку далеку“.

Хирурзите зеле мускул од нејзината лева рака и ѝ го трансплантирале во устата за да го заменат изгубениот дел од јазикот. Патот до закрепнувањето бил тежок. „Само благодарение на оваа неверојатна имунотерапија си го вратив животот“ – изјавила таа.

Истражувачите истакнуваат дека клучот бил во примената на лекот пред операцијата, бидејќи на овој начин телото учи да го препознае и уништи ракот ако се појави повторно. Професорот Харингтон вели дека имунотерапијата „може да го промени светот“ за заболените. „Таа значително го намалува ризикот од ширење на ракот низ целото тело – а кога еднаш ќе се прошири, исклучително е тешко да се лекува“, вели тој.

Новиот метод функционирал особено добро кај некои пациенти, но, според проф. Харингтон, исклучително охрабрувачки е што придобивките биле забележани кај сите вклучени во испитувањето. Тој додаде дека третманот сега треба да стане достапен преку Националниот здравствен сервис (NHS).

Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија (ASCO). Студијата под назив „Клучна студија“ (“Keynote”) била спроведена во 192 болници во 24 земји и била водена од Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, а финансирана од фармацевтската компанија MSD, пишува Би-Би-Си.

TAGGED:НаучнициРакТретман
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
Следна статија (Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

(ВИДЕО) Екс хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ скокна во морето на Антарктик

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која…

January 22, 2026

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов по втор пат стана татко!

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов…

January 21, 2026

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Нови два случаи на Ковид-19 во Македонија, за 20 дена 13 заболени лица

Од 13 до 19 јануари, тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање…

January 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Анемија – тивок убиец на вашиот организам

Анемијата претставува една од најчестите здравствени состојби што може да се појави на која било возраст. Таа не е болест…

June 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?