strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

Објавено March 26, 2025 08:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе преземе и Управата за финансиска полиција. Во државава вчера се врати првиот од 115-те пациенти повредени во пожарот кои се лекуваат во странство. Според последните информации, во критична состојба се пет од пациентите во странство. Од болниците во Скопје, вчера беа испишани уште 12 пациенти. Институциите пак ги почнаа дел од законските измени за подобрување на постапките за издавање документација и подобрување на безбедносните стандарди во угостителските но и јавните објекти.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека истражните тимови при претреси на пет локации во Кочани и во Скопје одзеле дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Обвинителството најави дека ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица. 

Во рамки на увидот што бил направен во Кочани, службените лица вчера прибирале доказни материјали поврзани со пожар во дискотеката „Пулс“, а сличен претрес е направен и во Виница, од каде се поранешниот и актуелниот раководител во Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион. Активности за контрола на работата на угостителските и други објекти во Кочани преземаат и општинските инспекциски служби, главно во Трговскиот центар каде што се наоѓа другиот угостителски објект на сопственикот на дискотеката „Пулс“.

Тимот од  јавни обвинители работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци,  како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Поднесени се две кривични пријави  за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Тече и 30-дневниот притвор за осомничените меѓу кои се тројца поранешни градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)…

Првиот од пациентите кои се лекуваат во странство кој се врати вчера во државава е на опсервација на Клиниката за токсиколгија, чии тимови го одобруваат и испишувањето на повредените лица кои беа хоспитализирани во домашните болници. 

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон  Чибишев вчера изјави дека пациент кој беше на лекување во Белград е во сосема подобрена општа клиничка состојба. 

– Се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ се што прошол додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома и ќе ги направиме иследувањата, изјави Чибишев.

Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, како што соопшти министерот за здравство Арбен Таравари, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

– За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период, изјави Таравари.  Неделава се очекува осум до десет пациенти да се вратат во земјава, а неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти. 

Од болниците во Скопје на домашно лекување вчера се пуштени 12 пациенти и остануваат на Клиниката за пластична хирургија, на Клиниката за токсикологија, како и во Градската болница „Св. Наум Охридски“.

Како што беше најавено, тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат. 

По контролите на јавните објекти за поседување на документацијата и исполнување на безбедносните стандарди што стартуваа по пожарот во дискотеката „Пулс“ за која се утврди дека имала фалсификувана лиценца, Министерството за економија вчера најави дека ќе подготви измени Законот за угостителска дејност со цел проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година. На вчерашната владина седница, пак, беа усвоени предлози за изменување и дополнување на седум закони под надлежност на Министерството за транспорт, а со кои ќе се воведе обврска двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци.

– Овие измени ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа. Со тоа пријавата за исполнување на минималните технички услови за вршење угостителска дејност пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценцата ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.  Веќе се работи на новото законско решение со кое и ќе се зголеми вредноста на казните.

Од Владата по вчерашната седница на која беа усвоени измени на седум закони под надлежност на Министерството за транспорт со кои ќе се воведе обврска двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци, потенцираа дека тоа не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли од предвидените со закон. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски  претходно информираше дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица. 

Како што најави претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, до крајот на овој месец сите градоначалници треба да обезбедат записници за безбедноста за училиштата, градинките, спортските сали и за сите културни установи под нивна надлежност. Ќе бидат споделени на заеднички координативен состанок со Владата и со јавноста.  Дел од општините веќе постапуваат во делот на безбедноста и поседувањето хидрантска мрежа. Досега утврдени се одредени аномалии, кои, како што вели, не се од невидени размери, кои не можат да се адаптираат во наредните неколку дена.

–  Како на пр. во Општина Центар градинките се градени по стандарди од СФРЈ, каде се препорачувало јаслите да бидат на вториот кат, а по новите правилници јаслите треба да се на првиот кат. Сето тоа се смета како еден од условите кои во моментов треба да ги исполни градинката. Во наредниот период ќе треба градоначалниците да ги адаптираат, односно да интервенираат во оние делови каде не се исполнуваат условите, рече Ѓорѓиевски

Утврдени се аномалии и во домовите за стари лица и ќе треба наредниот период да се постапува и таму. Предупреди дека постојниот систем се базира на дискрециско право на инспекторите, наместо на законски дефинирани рокови за постапување. 

– Кај нас она што недостасува, според мене, е промени во законот во делот секој законски мора да постапува во одреден период. Тоа се однесува и на инспекциските служби. Сега е за жал оставено на добрата волја на инспекторот. Кој со кого се познава, и кој колку побрзо може да добие одредена потврда одобрение итн. Многу често се дискутира околу тоа изминатиов период, дали требало да се случи ваква ситуација за да излеземе ние во вондредни контроли, во сите објекти од јавен карактер, изјави Ѓорѓиевски.

Преку Црвениот крст досега собрани 61,85 милиони денари за семејствата на починатите и повредените од пожарот кои се лекуваат во странство, а  исплатата на помошта почна вчера. 

TAGGED:дискотека пулскочаниПациенти
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Македонија во последните секунди испушти победа против Велс
Следна статија Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони

Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Таравари: 16 пациенти ќе бидат испишани и ќе продолжат на домашно лекување

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска даде изјава за моменталната состојба на пациентите кои се на болничко лекување од…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Се бараше изземање на обвинителот Пеливанов за пораките со Гури, Дисциплинската Комисија не е блокирана

Трајче Пеливанов е обвинителот за кој вишиот јавен обвинител, Јован Цветановски, иницирал дисциплинска постапка, по службена должност. Причина е наводот…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Чесните бизниси да не се грижат, ќе го минимизираме влијанието на контролите за ДДВ, тие се неопходни и открија многу измами

По половина година откако е избрана, колку Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски успеа да одговори на очекувањата на граѓаните.…

December 13, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?