strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Новогодишна кошница“ – 900 производи од денеска со пониски цени, инспекторите на терен
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Новогодишна кошница“ – 900 производи од денеска со пониски цени, инспекторите на терен
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

„Новогодишна кошница“ – 900 производи од денеска со пониски цени, инспекторите на терен

Објавено December 15, 2024 09:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат по пониски цени за 10 проценти.

Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго. Тие производи на полиците во трговските ланци треба да бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Најавени се контроли од Државниот пазарен инспекторат кој веќе неколку дена ги мониторира цените за да утврди евентуални неправилности. Владата очекува акцијата да го заштити семејниот буџет во услови на зголемени цени на прехранбените производи што се потврдија и со последните податоци за инфлацијата од Државниот завод за статистика.

По официјализирањето на акцијата на 5 декември, кога беше најавено дека листата содржи 600 производи, до завчера, како што објави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, бројката достигна 900 производи.

  • Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи. Граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудиле, со пониски цени од најмалку 10 проценти, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Апелираше компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која посочи дека самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk.

Во пресрет на акцијата, ДПИ објави дека пазарните инспектори ги мониторираат цените на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Од Владата во неколку наврати порачаа дека најавеното намалување на цените на производите со акцијата ќе го заштити семејниот буџет.

  • Очекувам позитивни ефекти од акцијата и за празниците што побогата потрошувачка кошничка за граѓаните за понида биде што побогата, изјави премиерот Христијан Мицкоски завчера по присуство на поставување камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

При објавата на новогодишната кошница, Мицкоски рече дека листата на производи е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. Премиерот тогаш нагласи дека не се работи за интервентна мерка на Владата и со ограничување на цените, туку за консензуално решение поради што нема да има казнување, туку ќе има мониторинг дали на тие производи ќе бидат залепени налепниците за да бидат визибилни за граѓаните.

Со „есенската потрошувачка кошница“ што се применуваше од 24 септември до крајот на октомври беа опфатени 73 производи, а според анализите на Министерството за економија, просечно четиричлено семејство заштедило меѓу 690 и 1.360 денари, во зависност од потрошеното и продавниците каде што се купувало. Наспроти власта, синдикатите реагираа дека трговците ја изиграле мерката зголемувајќи ги цените на производите и најавија дека будно ќе ја следат примената на новогодишната кошничка.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија укажаа дека синдикалната минимална кошничка што ја подготвуват тие ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина се намалени од страна на трговците.

  • Ова од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерката односно акцијата стапува во сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите. За потсетување, трговците пред стапување во сила на претходните мерки ги намалија платите на вработените во трговијата за 5 проценти согласно што се намали и просечната плата, а поради неоправданото зголемување на цените се зголеми на вредноста на СМК во делот на храна и пијалаци пред стапување на сила на мерката и по завршување на истата повторно имаше зголемување, наведоа од ССМ.

Апелираа стопанствениците да покажат општествена одговорност, а во спротивно доколку се обидат да го изиграат системот, да се воведат ригорозни казни за непочитувачите.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември годинава изнесува 62 021 денар, за 772 денари повеќе во однос на кошницата во октомври.

Во ноември Државниот завод за статистика регистрираше раст од 4,3 проценти на трошоците на животот во однос на ноември лани, како и зголемување од 4 проценти на цените на мало.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември во однос на октомври годинава, изнесува еден процент. Зголемувањето на инфлацијата, според статистиката, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 процент, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 проценти, ресторани и хотели за 0,8 проценти, облека и обувки, здравје за 0,2 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.

За заштита на стандарот на граѓаните поради покачувањето на цените што е особено карактеристично пред празниците, покрај новогодишна кошница, Владата најави и велигденска и рамазанска.

На 28 септември годинава стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој според власта дополнително треба да ги намали цените на производите и трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

TAGGED:Новогодишна кошница
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа на судови и правни формулации
Следна статија ВИС згасна по 33 години: Струмица остана без телевизиски медиум

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Eвропскиот парламент го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија,  а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети…

July 9, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии…

October 6, 2024
НАСЛОВНИ

Уставениот суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот за Законот за употребата на јазиците кој е во претходна…

December 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

РЕК Битола го раскинала договорот со Марковски Компани, активирана банкарската гаранција

РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски Компани“ за ископ на јаглен и јаловина поради сериозни пропусти и несовесно извршување…

December 5, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?