strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
ЗАБАВА

„Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

Објавено November 4, 2024 19:49
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонскиот пијанист Симон Трпчески на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи новогодишен концерт насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“.

Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници.

-Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде новогодишен спектакл, каде што за првпат, Симон Трпчески ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Но, овојпат тој ќе оди чекор понатаму, па заедно со него, на сцената ќе му се придружат врвни пејачи кои дополнително ќе ја зајакнат атмосферата, најавија организаторите.

Како што посочуваат, на програмата ќе биде „Оревокршачка“, но и омилените арии и популарните дуети, па сѐ до валцерите и бисерите од класичната музика и виртуозни предизвици.

-Секој дел од програмата е вистински виртуозен предизвик, но Трпчески и неговите пријатели се подготвени да го исполнат со леснотија и страст, како што само тие знаат. Зборувајќи за новата средба со македонската публика, Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Вистинска реткост е да се слуша Симон во Скопје, бидејќи неговите концертни активности траат во текот на целата година и се одвиваат на сите континенти низ светот, се вели во соопштението.

Трпчески редовно соработува со познати диригенти, а меѓу нив се издвојуваат имиња како Шарл Дитоа, Сер Лорин Мазел, Василиј Петренко, Владимир Ашкенази, Густав Дудамел итн. Настапува со најголемите странски оркестри, како Њујоршката филхармонија, Кралската филхармонија од Лондон, симфонискиот оркестар на Сан Франциско… Многу музички критичари го споредуваат со најдобрите пијанисти на денешницата, истакнувајќи дека Трпчески не само што ја поседува техниката, туку и длабока, уникатна музикалност што му овозможува да ги спои традицијата и современиот израз на извонреден начин.

-Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација. Во пријатната атмосфера на декемвриската ноќ, арената ќе биде вистинско уметничко прибежиште. Затоа, подгответе се за незаборавна вечер, споделете ја со своите најблиски и дозволете си да бидете дел од оваа ноќ, каде што Симон Трпчески и неговите пријатели ќе запишат уште една незаборавна страница во македонската музичка приказна, посочуваат организаторите.

TAGGED:концертсимон трпчевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост: Секој изгубен живот остава трага во општеството
Следна статија Захарова: Русија мора да ја брани својата независност

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Српскиот пејач Владо Георгиев преку социјалната мрежа „Икс“, соопшти дека бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој напиша…

November 21, 2024
ЗАБАВА

Ако ја возев таа вечер во Париз, ќе беше жива, вели шоферот на принцезата Дајана

Поранешниот возач на британската принцеза Дијана, Стив Дејвис, изминативе денови повторно се најде во фокусот на јавноста откако реши да…

November 12, 2024
ЗАБАВА

Го славиме животот, ја славиме музиката, рече маестро Симон Трпчески кој во Скопје со пријателите приреди новогодишен концерт за паметење

Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески синоќа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје заедно со пријателите музичари приреди концерт за…

December 21, 2024
ЗАБАВА

Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)

Вулканот Пакаја, кој се наоѓа во јужна Гватемала, е еден од трите активни вулкани во тој дел од земјата. Неговите…

December 20, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?