Попладнево низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, организираа нов протестен марш, со кој уште еднаш побараа правда, отчет и одговорност за изгубените животи на своите деца.
Маршот започна точно во 18 часот и пет минути.
Движењето започна од Паркот на револуцијата, а се одвиваше покрај трговскиот центар и општинската зграда, по што продолжи кон полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
„Немаме повеќе доверба во системот, но имаме должност кон нашите деца – да истраеме до крај“,велат родителите.
Со транспаренти, фотографии од загинатите и свирчиња тие ги исвиркаа институциите и повторно испратија порака дека нивната борба не е политичка, туку човечка и морална.
„Џабе стоиме…они си се во апартманите во Грција, џабе стоиме ние“,рече родителот кој го изгуби синот единец.
Ова беше 12-ти по ред, марш за загинатите во „Пулс“.
И следната сабота, родителите ќе одржат собир, кој има за цел да ги разбуди институциите и да им ги одговори прашањата.