Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет сподели детали за нападот врз Хутите во Јемен во група за пораки на платформата Сигнал, во која беа неговата сопруга, брат и адвокат, објави Њујорк Тајмс.
Како што беше наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за нападот кои беа објавени минатиот месец во списанието Атлантик.
Според неименувани извори на кои се повикува Њујорк тајмс, групата разговарала за детали за времето на воздушните напади.
Во пораките биле споделени, меѓу другото, временски распореди на летовите на борбени авиони F/A-18 Hornet, планирани да учествуваат во воздушните напади на позициите на Хутите. Прв за ова објави The New York Times.
Наводно, споделувањето на овие информации се случило во средината на март – во ист период кога дел од најблиските советници на претседателот Доналд Трамп, вклучително и Хегсет, ненамерно му пренеле слични информации на главниот уредник на списанието The Atlantic.