Норвешкиот град Берген има еден од најголемите подземни системи за комунален отпад во светот.
Една од причините зошто беше воспоставен овој систем беше тоа што стариот дел од градот не беше погоден за традиционален систем за управување со отпад. Ова се одрази и во фактот дека општинските камиони не можеа да возат низ тесните улички. Отпадот што остануваше на улиците претставуваше закана дека доколку се запали, ќе доведе и до пожари во традиционалните дрвени згради.
Подземниот систем успеа да ја елиминира потребата од општински камиони да влегуваат во центарот на Берген. Наместо тоа, жителите и бизнисите го депонираат својот отпад во подземен систем кој работи на пневматски принцип. Имено, пневматиците го транспортираат отпадот преку мрежа од подземни канали до централен објект, каде што отпадот понатаму се третира.
Шведската компанија „Енвак“ започна со изградба на системот во 2007 година, кој сега има 7,5 километри канали и поврзува 30.000 домови и бизниси. Низ градот има 1.200 локации каде што отпадот селективно се отстранува. Емисиите на дизел во Берген се намалени за 90 проценти, а една од причините за ова е напредниот систем за управување со отпад.