strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“
ХРОНИКА

Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“

Објавено July 18, 2025 13:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице, веќе обвинето во предметот „Адитив“, кое сега се товари за кривични дела Злосторничко здружување, за помагање при Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Исто така, обвинителството достави и Обвинителен предлог против три лица за кривично дело Одавање службена тајна, од кои на две им се става на товар и дека како соизвршители сториле кривично дело – Компјутерски фалсификат. Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“.

Обвинетиот, како член на група, вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија и искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинети правни лица во предметот „Адитив“ им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело. На овој начин им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Во периодот од месец август 2023 до ноември 2024 година, обвинетиот на сопствената денарска сметка уплатил парични средства во вкупен износ од 408.300 денари, а од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања во вкупен износ од 1.963.800 денари. Иако знаел дека средствата правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово, со што ги исполнил битијата на кривичните дела кои сега дополнително му се ставаат на товар.

Во обвинителниот предлог првообвинетата е службено лице – Раководител на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје која од јули до ноември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“, на друг начин му сторила достапни податоци што претставуваат службена тајна и се однесуваат на севкупното работење на правното лице. Дополнително, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата што се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето иако сите податоци, документи, известувања и извештаи согласно закон се сметаат за службена тајна и нивно откривање може да има штетни последици за започнатата постапка.

Второ обвинетата за оддавање службена тајна со умисла извршила две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи ист траен однос, исти прилики и други слични околности. Како службено лице – претседател на ДКСК, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК, одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК.

На истата обвинета ѝ се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Третообвинетиот од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второ обвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна.

Со поднесените обвиненија, обвинителството достави посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот за злоупотреби поврзани со предметот „Адитив“. За обвинетиот ревизор кој полагал во име на претседателката на ДКСК предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со второ обвинетата. За останатите две обвинети опфатени со поднесените обвиненија активни се мерките определени со започнување на постапката против нив.

По одобрување на обвиненијата обвинителството ќе побара спојување на постапката со предметот „Адитив“.

TAGGED:Антикорупцискататјана димитровска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија „Лежалките не се за сиромашни!“ Откако се појави шок снимка со цените во Црна Гора, се случи драма: „Одиме во Грција“
Следна статија Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ХРОНИКА

Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат лицата сместени во објектот

РЦУК Велес, известува дека во село Чемерско во општина Кавадарци, има пожар во старечкиот дом. На терен се 10 пожарникари…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Возел со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час, полицијата го приведе

Вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка попладнево: Загинаа две лица на скопска раскрсница

Нова трагедија на скопските улици. Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи пред малку на…

May 23, 2025
ХРОНИКА

Палчо ангажираше и втор адвокат

Љупчо Палевски- Палчо, еден од обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски Вања и Панче,…

October 16, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?