Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети.
Ова на денешниот брифинг го информираше јавниот обвинител Љупчо Коцевски, откако Груби и Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт Департментот.
Двајцата се поврзани, како што беше објаснето од САД, со случај со мито за нарушување на судските процеси во корист на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кој од порано е на истата листа.
Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.Американската амбасадорка во Скопје,Анџела Агелер, вчера рече дека информациите не се споделени со македонските институции, но дека истите се достапни ако се покаже волја.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска рече дека Груби ќе се жали за ваквата одлука на Стејт Департментот но и дека истата ќе биде почитувана.