Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала.
Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен ракетен арсенал.
Израелските воздухопловни сили го погодиле бункерот со околу 80 тони експлозив, пишува Wall Street Journal.
Во нападот беа употребени серија темпирани, врзани експлозии за да се пробие подземен бункер, изјави висок израелски воен претставник.
Убиството на Насрала предизвика реакција од Иран, кој го поддржува Хезболах.
Стотици проектили беа истрелани кон Израел во вторникот, а ескалацијата на Блискиот Исток се зголемува од ден на ден.
First video of moments of the attack that killed #HassanNasrallah in Beirut look like.-Iranian television claims.#Israel #WWIII #WW3 #Beirut #LebanonUnderAttack #WorldWar3 #jordan #Iran #نصرالله #خامنهای #تهران #ایران pic.twitter.com/Freo1XiJk2
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) October 4, 2024