strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Објавен извештајот за починатото бебе
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Објавен извештајот за починатото бебе
ЗДРАВЈЕ

Објавен извештајот за починатото бебе

Објавено October 8, 2024 15:13
strana.mk
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб – ординација по општа медицина, во врска со третманот и лекувањето на починатото 14-месечно бебе од Скопје.

Во извештајот се посочува дека детето било однесено кај матичниот лекар на 30 септември со симптоми на повраќање при што е утврдено дека нема температура, а грлото му било лесно зацрвенето и аускултаторно без наод на белите дробови. Истиот ден, во попладневните часови детето е однесено на Детската клиника заради перзистирање на повраќањето каде е прегледено од дежурен лекар специјалист, кој ја потврдил дијагнозата од матичниот лекар, а во специјалистичкиот извештај било наведено да се донесе наредниот ден на контрола и по потреба во секое време.

Кај матичниот лекар, наредна посета била на 3 октомври заради, според изјава на родител, пролонгирано повраќање – најмалку два пати дневно и малаксалост. Повторно било прегледано со наод без температура, црвено грло, наод на бели дробови аускултаторно уреден. Заради перзистирање на состојбата со повраќање, истиот ден матичниот лекар креирал итен упат за Детската клиника каде е прегледано колу 15 часот и издадени се два упати за лабораторија и еден за гасни анализи.

– Истиот ден по добивање на резултатите повторно било прегледано од специјалист педијатар и дополнително биле издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. При преглед наод на везикуларно дишење со пропратен наод на бронхитични хркулки обострано. РТГ наодот покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално, хипобазално и корелира со аускултаторниот наод. Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза – bronchiolitis acuta.

– Во текот на хоспитализацијата направени се следните испитувања: 4 ацидобазни статуси, јонограм, CRP-2,5 хепатограм, уринарен статус- (кетони и леукоцити), брз хроматографски тест за антиген детекција, RSV (negativen) гликемија, искашлок со за дренажен бактериолошки преглед РТГ на бели дробови. Во тек на денот и покрај ординираната терапија се влошува здравствената состојба на детето заради што е префрлено на одделот за интензивна нега со зголемена кислородна поддршка. Поради прогресивно влошување на состојбата без одговор на дадената терапија, со прогресивен пад на кислородна сатурација, со клиничка и лабораториска слика на тежок респираторен дистрес, дежурните доктори стапиле во контакт со ИМП и со дежурен доктор на ЈЗУ УК детски болести и во 03.20 часот со возило на ИМП, пациентот е префрлен на ЈЗУ УК детски болести. Испис на 5 октомври со дијагноза pneumonia massiva, bronchitis obstruens во напад, се додава во извештајот.

Приемот на Детската клиника бил во 03:38 часот со Дг I 18 – pneumonia.

– Хоспитализирано во 03.47 на одделение за интензина нега и терапија. Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и стварен контакт со ЈЗУ ИК ТОАРИЛУЦ -ОЕ КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува смртен исход, Исписна дијагноза e Bronchopneumonia obstructiva, Exitus letalis во 04.20 минути, се појаснува во извештајот.

Телото било предадено на обдукција на Институт за судска медицина, криминологија и деонтологија. Од страна на ДСЗИ се иницира формирање на Комисија за стручен надзор.

TAGGED:бебеизвештајтрагедија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Венера Латифи Азизи назначена за портпаролка на Владата
Следна статија Уште еден продолжен викенд: Петок неработен ден за сите граѓани

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на…

March 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати и регулирање на нивниот работен однос. Некои од…

May 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Од пациент отстранет тумор од 35 килограми

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од…

October 30, 2024
ЗДРАВЈЕ

Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде…

December 31, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?