Во Базел се одржа првото полуфинале на 69-то издание на Евровизискиот натпревар за песна, а за пласман се натпреваруваа 15 земји учеснички.
Имено, покрај нив, настапи и земјата домаќин Швајцарија, како и Италија и Шпанија, кои веќе имаат место во финалето.
Првата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар заврши, а соседна Албанија славеше бидејќи си обезбеди место во финалето.
Објавени се и првите десет финалисти на годинашното издание на натпреварот, а тоа се: Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина.
Исто така, домаќинот Швајцарија и петте големи земји Италија, Шпанија, Германија, Франција и Велика Британија имаат свое место во финалето.