strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Овој град воведува строги правила за издавање апартмани на туристите: Казни до 50.000 евра годишно
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Овој град воведува строги правила за издавање апартмани на туристите: Казни до 50.000 евра годишно
БИЗНИС

Овој град воведува строги правила за издавање апартмани на туристите: Казни до 50.000 евра годишно

Објавено May 11, 2025 11:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Виена, некогаш пример за прифатливо домување во Европа, се соочува со растечки проблем на претворање на становите во туристички апартмани. Градот одговори со воведување ригорозни мерки – ограничување на изнајмувањето на три месеци годишно, задолжителна регистрација и драконски казни за прекршителите.

Виена беше исклучок меѓу европските метрополи кога станува збор за кирии и прифатливи станови за граѓани со пониски приходи. Меѓутоа, и таму сè поголем проблем станува растечкиот број станови што се издаваат под наем на туристи. Затоа градот воведе строги правила.

Минатата година беше забележан рекорд со нешто помалку од 19 милиони ноќевања во градот, што е за 9% повеќе од претходната година. И тоа е веќе на границата на издржливост за град од околу 2 милиони жители.

Инаку повеќе од еден век, Виена е позната по систематското градење социјални станови и цели населби за граѓани со пониски приходи, но напливот на туристи и сè повеќе станови што се претвораат во апартмани за изнајмување стануваат сè поголем проблем. Бидејќи надвор од туристичката сезона, тие станови изгледаат празни, додека жителите на Виена залудно бараат сместување.

Уште во летото 2024 година, Виена започна борба против таквото расипништво на станбениот фонд.

Имено, не само што сите сопственици се обврзани да го пријават таквиот сместувачки капацитет, заради соодветно оданочување на приходите, туку стан во Виена може да се издава под наем на туристи максимум три месеци годишно.

Кој сака да го изнајми на подолг временски период, мора да добие посебна дозвола, која многу тешко се добива. Оние кои ги кршат овие правила и издаваат апартмани под наем „на црно“ се соочуваат со драконски казни кои можат да достигнат и до 50.000 евра по стан годишно.

Сепак, дури и најстрогиот закон нема да има ефект ако не е јасно кој ќе ја спроведува контролата. Затоа е формиран посебен оддел во рамките на градежната инспекција во Виена, а Никол Нестле е една од деветте инспектори.

За германскиот „ARD“, таа објасни дека тие секојдневно ги следат најпознатите портали за изнајмување како што се „Airbnb“ и „Booking.com“, како и други сајтови. Покрај тоа, тие добиваат и стотици пријави од жителите на Виена кои се сомневаат дека соседите воопшто не живеат во станот, туку го издаваат под наем на туристи.

Работа има премногу, вели Нестле, особено кога ќе се открие нова локација или кога ќе се утврди дека сопственикот повторно го прекршил законот. Контролите обично се вршат рано наутро, а речиси секогаш се утврдуваат разни прекршоци.

Одделот може да се пофали и со спектакуларни успеси: откриени биле дури и два вистински хотели кои биле нелегално отворени во станбени згради, без ниту еден постојан жител.

Во потрагата им помогнале и новинарите. Порталот „Meinbezirk.at“ откри сопственик на околу дваесет станови во еден градски округ кој нелегално ги издавал на туристи.

Тие се особено строги кон станарите на социјалните станови кои таквите станови ги издаваат на туристи. Ова е строго забрането, но во стотици случаи било откриено дека многумина сепак го правеле тоа. Тие поединци веднаш го загубиле правото на стан и засекогаш биле ставени на „црната листа“ на лица кои никогаш повеќе нема да можат да добијат градски стан. Оваа ригорозна мерка беше потврдена од страна на австрискиот Врховен суд пред неколку години.

Во Виена, во пресрет на локалните избори минатиот викенд, становите за туристи беа една од главните теми.

Социјалдемократската градска администрација и комесарката за урбанистичко планирање Катарина Гал сметаат дека строгите правила веќе даваат резултати и дека бројот на станови што се празни поголемиот дел од годината е намален.

Меѓутоа, опозицијата бара уште построги правила – целосна забрана за изнајмување во станбени области, па дури и околу туристичките атракции да биде дозволен само ограничен број апартмани.

По изборите, социјалдемократите се сè уште најсилната политичка сила во Виена, иако популистичката Народна партија ја зголеми својата поддршка за трипати и стана втора најсилна партија.

Прописите можеби ќе станат уште построги, но веројатно нема да бидат прекумерни – туристите сè уште се важен извор на приход за градот, не само преку плаќање за сместување, туку и преку трошење на други места.

TAGGED:виенаИздавањестановитуристи
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Следна статија Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

НАЈУСПЕШНИОТ ИНВЕСТИТОР СЕ ПОВЛЕКУВА: Ворен Бафет заминува во пензија на 94 години

Ворен Бафет, 94, одлучи да се повлече од функцијата извршен директор на инвестицискиот фонд „Беркшир Хатавеј“, позиција на која беше…

May 4, 2025
БИЗНИС

Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ е во центарот на новиот случај на корупција во Брисел. Денеска, белгиската полиција изврши претрес во…

March 13, 2025
БИЗНИС

Приливите на Binance за 2024 година се речиси 40% повисоки од следните 10 берзи заедно

Најголемата берза на крипто во светот има 21,6 милијарди американски долари во депозити од кориснички фондови Досега оваа година, приливите…

December 9, 2024
БИЗНИС

„Господинот тајминг“ на сцената: Како Ворен Бафет уште еднаш покажа дека има совршено чувство за бизнис

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го анализираше деловниот потег на американскиот милијардер Ворен Бафет, кој го објави своето пензионирање од…

May 5, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?