Американските берзи забележаа голем скок после одлуката на САД да направи пауза од 90 дена околу царините за голем број на држави.
Индексот Доу Џонс поразна за 7,9% на 40.608 поени. С&П 500 порасна за 9,5%, а Насдак се зголеми за 12,2%. Се оочекува подобрување и во Азија и во Европа.
„Дефинитивно беше изненадување ако се има во предвид дека владата постојано велеше дека нема повлекување на одлуката за царини и дека тие нема да се преговараат“, изјави Стив Сосник од „Иктерактив Брокерс“.
Сега ќе мора да се запрашаме дали после 90 дена ќе бидат воведени, или тоа, сепак, нема да се случи“, дополни тој.
По најавата на Трамп се зголемија и цените на нафтата, и тоа за околу 4,5%, а зголемување на вредноста забележа и Биткоинот – 6,6%, како и златото – 3,5%.