strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Одекнуваат зурли и тапани, почнува Галичка свадба
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одекнуваат зурли и тапани, почнува Галичка свадба
МАКЕДОНИЈА

Одекнуваат зурли и тапани, почнува Галичка свадба

Објавено July 11, 2025 13:30
strana.mk
Сподели
Сподели

Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата.

Младенци Галичка свадба 2025 / Фото: Фејсбук профил на МЗ Галичник

Организаторот на Галичката свадба – Месната заедница Галичник, најави богата тридневна програма, која ќе почне вечер во амфитеатарот пред чешмата Упија со монодрама во чест на Ѓорѓија Пулевски и 150 години од издавањето на неговиот „Речник на три јазика“ (Тријазичникот), со настап на актерот Рубенс Муратовски. Текст за претставата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е напишан од Миле Бошњаковски и е на автентичен мијачки говор, а режисер на монодрамата е Бојан Трифуновски.

По премиерата вечер во Галичник ќе има забава со диџеј за помладите посетители, а од утре почнуваат свадбарските обичаи – пречек на тапаните, китење и поставување на свадбениот бајрак, симболичното „фрлање пушка“ од куќата на зетот и изведбата на свекрвиното оро.

Како што најави организаторот, особено впечатлив момент ќе бидат ората кои го симболизираат печалбарството и непокорот на луѓето од овој печалбарски крај – „Невестинското“ и „Тешкото“ на националниот фолклорен ансамбл „Танец“, на платото пред чешмата Упија. Во вечерните часови утре невестата, придружувана од свадбарите ќе оди да полни вода – обичај поврзан со семејната среќа.

В недела, денот на венчавката, ќе почне со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, како и карактеристичниот обичај на Галичката свадба – „гледање низ прстен“. По испраќањето на невестата и дарувањето, ќе следува венчавањето во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“. Настанот ќе заврши со свеченото испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, кое го означува симболично затворање на свадбената церемонија.

Годинашните невеста и зет Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски на прес-конференцијата минатата недела истакнаа дека учеството во манифестацијата за нив претставува исполнување на животниот сон. Јован е потомок на старото галичко семејство Филипоски и, како што рече, уште од мал мечтаел да биде зет на Галичката свадба.

Оваа традиција треба да се негува. Мене ми беше пренесена од моите баба и дедо, а потоа и од моите родители кои секоја година учествуваат и се дел од традицијата. Честа е огромна и се надевам дека што повеќе посетители ќе дојдат и ќе ја видат оваа убава традиција, изјави Филипоски.

Невестата Михајлоска рече дека честа е голема, но исто така и одговорноста доследно да се пренесе традицијата.

Огромна чест и задоволство е што сме избрани за невеста и зет, се чувствуваме среќно и гордо. Но, истовремено, голема е одговорноста доследно да се пренесе оваа традиција, веруваме дека сѐ ќе помине во најдобар ред, рече Михајлоска.

Претседателот на Месна заедница Галичник, Огнен Караѓозовски, на прес-конференцијата изрази задоволство што сѐ уште постои интерес кај младите да бидат дел од оваа манифестација.

Институционален покровител на „Галичката свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, поддржувач е Министерството за култура и туризам, а „Пивара Скопје“ веќе 50 години е партнер во организирањето на манифестацијата.

Целата програма ќе биде емитувана на видеоекран поставен на централното плато во селото Галичник, а ќе биде емитувана и во живо на социјалните мрежи. За оние што ќе присуствуваат на настанот, во текот на двата дена од викендот во Галичник ќе има посебен сообраќаен режим. Организаторите повикаа на одговорно однесување, особено во консумирањето алкохол и грижата за природата.

TAGGED:галичка свадбатапани
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL во Охрид
Следна статија Во Батинци убиен припадник на АРМ: Донесен во болница без знаци на живот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Затвореници во Гватемала држат 46 лица како заложници

Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева победи во The Voice of Europe

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева…

January 18, 2026

(ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев

Доктор Жан Митрев во емисијата на…

January 17, 2026

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје…

January 15, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Го нарекувала циркузант но кога почнале пожарите побарала помош

Струмичанка чие име не се открива го  нарекувала циркузант но кога почнале пожарите побарала помошмод него. Ова го открива заменикот…

July 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Телото на Салмонд со специјален лет ќе биде пренесено во својот дом – објавено видео од последниот говор во Охрид

Телото на Алекс Салмонд , поранешниот прв министер на Шкотска, кој почина за време на конференција во Охрид, наскоро ќе…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Словенечка европратеничка во ЕП им се обрати на бугарските колеги на македонски: За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола (ВИДЕО)

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница во Стразбур. Во дебатата…

July 9, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?